„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Георгиева-Јовевска за Блумберг Адрија ТВ: Стопанството ќе биде задоволно ако се реализираат 80 проценти од најавените капитални инвестиции за годинава

09.03.2023

Стопанството ќе биде задоволно ако се реализираат 80 проценти од најавените капитални инвестиции за 2023 година, изјави за емијсијата „Зум ин“ на Блумберг Адрија ТВ, д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска советник за инфраструктура и економски развој во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија. Според Георгиева-Јовевска важно е реализацијата да биде преку продуктивни проекти.

„Кога се гледаат бројките (465 милиони евра остварени капитални инвестиции за 2022 година) можеби навидум стопанството и јавноста ќе речат во ред, има остварувања, меѓутоа за нас е многу битно да има целосна реализација, односно завршница на проектите. Ние напоменавме неколку проекти кои што сѐ уште се на хартија во рамките на Коридорите 10 и 8 за кои што и европските институции и нашата државна ревизија има зебелешки, дали од административна или од техничка природа или слично. Меѓутоа, цениме дека треба државата да изгради една заедничка стратегија за инфраструктурата каде што сите политички чинители и други фактори кои што се битни во овој круг ќе бидат инволвирани во процесот се со цел сите да бидат вклучени во целосната реализација на поставеното“, изјави Георгиева-Јовевска.

Целата емисија на која Георгиева-Јовевска учествуваше заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски може да се проследи на следниот линк:

https://mk.bloombergadria.com/.../3384-vladata-najavuva.../