„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Туризам 2021 година
Табела 1. Доаѓања и ноќевања на домашни туристи во 2021ва спрема 2019та година.
Година
|
Доаѓања на туристи-домашни
|
Ноќевања на туристи-домашни
|
2019
|
427370
|
1684627
|
2021
|
408500
|
1643083
|
Според достапните од Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во 2021-ва година изнесува 408 илјади домашни туристи што е за речиси 19 илјади туристи помалку во однос на 2019та година или за 5% помалку домашни туристи во 2021ва година во однос на 2019та година, а бројот на ноќевањата од домашни туристи за 2021ва година е 1.650 илјади ноќевања што е за 42 илјади ноќевања помалку во однос на 2019та година или за 3% помалку ноќевања од домашни туристи во 2021ва година во однос на 2019та година.
Табела 2. Доаѓања и ноќевања на странски туристи во 2021ва спрема 2019та година.
Година
|
Доаѓања на туристи-странски
|
Ноќевања на туристи-странски
|
2019
|
757593
|
1577771
|
2021
|
293963
|
670460
|
Бројот пак на странските туристи во 2021-ва година изнесува 293 илјади странски туристи што е за речиси 464 илјади туристи помалку во однос на 2019та година или за 62% помалку странски туристи во 2021ва година во однос на 2019та година, а бројот на ноќевањата од странски туристи за 2021ва година е 670 илјади ноќевања што е за 910 илјади ноќевања помалку во однос на 2019та година или за 58% помалку ноќевања од домашни туристи во 2021ва година во однос на 2019та година.
Дијаграм 1
Според податоците достапни во министерството за економија издадените решенија за категоризација на угостителски објекти за ноќевање во 2020/2021 година се намалиле за 50 односно за исто толку се намалил бројот на хотели кои ги исполнуваат законските обврски за работа во однос на периодот 2017/2018 имало вкупно 147 категоризирани хотели, додека за 2020/2021ва година 97 објекти.
Според податоците од Агенцијата за супервизијата на осигурувањето, во 2018 година се осигуреле 175 туристички агенции, а во 2021ва 132 агенции туристички агенции склучиле договори за осигурување од одговорност за вршење туристичка дејност.
Според податоците достапни во министерството за економија издадените решенија за категоризација на угостителски објекти за ноќевање во 2020/2021 година се намалиле за 50 односно за исто толку се намалил бројот на хотели кои ги исполнуваат законските обврски за работа во однос на периодот 2017/2018 имало вкупно 147 категоризирани хотели, додека за 2020/2021ва година 97 објекти.
Според податоците од Агенцијата за супервизијата на осигурувањето, во 2018 година се осигуреле 175 туристички агенции, а во 2021ва 132 агенции туристички агенции склучиле договори за осигурување од одговорност за вршење туристичка дејност.
Според податоците објавени од Заводот за статистика за 2016 година, во периодот јануари - декември, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0%. Бројот на ноќевањата е зголемен за 2.8%.
Доаѓања и ноќевања на туристи, 2010-2016
|
||||||
Година
|
Доаѓања на туристи
|
Ноќевања на туристи
|
||||
Вкупно
|
домашни
|
странски
|
вкупно
|
домашни
|
Странски
|
|
2014
|
735 650
|
310 336
|
425 314
|
2 195 883
|
1 273 370
|
922 513
|
2015
|
816 067
|
330 537
|
485 530
|
2 394 205
|
1 357 822
|
1 036 383
|
2016
|
856 843
|
346 359
|
510 484
|
2 461 160
|
1 407 143
|
1 054 017
|
Извор: Завод за статистика
И 2016 година, најбројни биле туристите од Турција, а најмногу ноќевања реализирале туристите од Холандија. Помеѓу 10-те земји од каде најмногу доаѓаат туристи во Македонија традиционално остануваат и Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Германија, Бугарија, Полска и Грција.
Пoдатоци за дејноста туризам и угостителство заклучно со 2016 година
АНКЕТА ЗА СТРАНСКИ ПОСЕТИТЕЛИ –
ЕВИДЕНТИРАНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ЗА 2016 ГОДИНА.
Државниот завод за статистика објави анкета за странски посетители – евидентирани на граничните премини за 2016 година.
Анкетата спроведена обезбедува податоци за структурата на странските патници (еднодневни посетители-излетници, транзитни патници или повеќедневни посетители на престој), социјалните карактеристики, потрошувачката, како и за оценките што ги даваат за вредноста на услугите во земјата. Анкетата е спроведена на примерок од 1628 посетители на 9 гранични премини, и тоа на 8 за премин со патнички возила и еден на аеродромите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари - декември 2015 година, во Македонија престојувале 816 067 туристи, што е за 10,9% поголем број на туристи споредено со истиот период лани. Според класификацијата, статистиката покажува дека кај домашните туристи во 2015 година во однос на истиот период лани, има раст од 6,5% а кај странските зголемувањето е 14,2%. Бројот на ноќевањата во истиот споредбен период во просек е зголемен за 9,0%, кај домашните туристи за 6,0%, а кај странските за 12,3%.
Статистика туризам и угостителство јануари - декември 2015 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-април 2015 година, во Македонија престојувале 151.007 туристи, што е за 8,7% поголем број на туристи спордено со истиот период лани. Според класификацијата, статистиката покажува дека кај домашните туристи во првите 4 месеци од годината во однос на истиот период лани, има намалување за 7,5%, а кај странските има зголемување за 19,8%. Во периодот јануари-април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата во просек е зголемен за 2,8%, но кај домашните туристи евидентирано е намалување за 10,2%, а кај странските има зголемување за 13,7%.
Статистика туризам и угостителство јануари - април 2014 година
Туризам, мај 2013
- Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2013 година изнесува 67 588, а бројот на ноќевањата изнесува 152 117.
- Бројот на туристите во мај 2013 година, во однос на мај 2012 година, е зголемен за 11.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.4%.
- Бројот на домашните туристи во мај 2013 година, во однос на мај 2012 година, е намален за 3.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 20.1%.
- Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2013 година, во однос на мај 2012 година, е намален за 1.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.4%.
- Во периодот јануари- мај 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.0%, а кај странските има зголемување за 10.2%.
- Во периодот јануари- мај 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 6.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.8%, а кај странските има зголемување за 9.7%.
Базенот веќе не е задолжителен за да се добијат пет ѕвезди (ДНЕВНИК)
Лазо Ангелевски
ТУРИЗМОТ ВО СВЕТОТ - информацијата е објавена во Бизнис ИНФО , на стр. 27
ТУРИЗМОТ ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ - информацијата е објавена во Бизнис ИНФО, на стр. 31
ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА И МЕРКИ ЗА РАЗВОЈ НА УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ - информацијата е објавена во Бизнис ИНФО, на стр. 12 и 13.
Движења и состојби во угостителско туристичкиот сектор во јануари-декември 2012 година во Република Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2012 година изнесува 31 396, а бројот на ноќевањата изнесува 63 260.
Бројот на туристите во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 4.5%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.5%.
Бројот на домашните туристи во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 7.1%, а бројот на странските туристи е намален за 2.1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 1.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.1%.
Во периодот јануари- декември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.4%, а кај странските зголемување за 7.3%.
Во периодот јануари- декември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 1.0% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5.5%, а кај странските зголемување за 7.5%.
Движења и состојби во угостителско туристичкиот сектор во 2011 година во Република Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2011 година изнесува 32 867, а бројот на ноќевањата изнесува 62 948. Бројот на туристите во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 4.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 2.0%. Бројот на домашните туристи во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 16.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.4%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 12.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 10.4%.
Во периодот јануари-декември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.4%, а кај странските има зголемување за 25.1%. Во периодот јануари-декември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 7.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.0%, а кај странските има зголемување за 35.1%
Иницијатива до Инспекцискиот совет на РМ
Согласно реализираниот состанок на 5.10.2016 година на иницијатива на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, на кој беше посочена потребата од заедничка координирана акција на надлежните државни институции во насока на елиминирање на нелојалната конкуренција преку работа на фирми-човек во екот на летната сезона и во екот на зголемениот број странски гости, кои склучуваат договори со превозници или туристички агенции и нудат сомнителни услуги на јавни места, а во пресрет на новата туристичка сезона која поактивно почнува веќе од април 2017 година, Здружението се обрати до Инспекцискиот совет со барање за информација дали и што активности се преземени за посочените проблеми од страна на надлежните државни институции, или пак дали се планира во следниот период да се преземат одредени чекори.
Дописот е со цел проблемите од мината сезона да не се повторат и оваа година. Имено, со функционирањето на фирми-човек на пазарот и со превозници или туристички агенции кои нудат сомнителни услуги на јавни места спротивно на законот, се нарушува угледот на земјата како туристичка дестинација, преку поплаките што тур-операторите и хотелите ги добиваат од странските гости, особено во екот на летната сезона, што крајно негативно се одразува на туризмот во Македонија, со негативни последици и на вкупната економија. (Повеќе)
ЗДРУЖЕНИЕТО НА УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ ГО РАЗГЛЕДУВАШЕ ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИКОТ СО ТАРИФА ЗА КОРИСТЕЊЕ АВТОРСКИ МУЗИЧКИ ДЕЛА, ОБЈАВЕН ОД ЗДРУЖЕНИЕТО „СОКОМ МАП“
На 13.7.2016 година, на тематска седница, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија го разгледуваше Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, објавен од Здружението СОКОМ МАП, за којшто, согласно Законот за авторски музички дела, во рок од 30 дена, односно до 26 јули 2016 година, Здружението има можност да даде свое мислење.
На седницата беа присутни и претставници од СОКОМ МАП, со цел во меѓусебна комуникација да се разменат мислења и ставови по обврските што произлегуваат од авторските музички права.
Членките на Здружението и овој пат потенцираа дека не отстапуваат од плаќањето на авторските музички дела и дека го поддржуваат интересот за развој на културата и уметноста. Но од претставниците на СОКОМ МАП се побара одговор до каде е процедурата за регулирање на статусот на новото здружение и со каков капацитет истото ќе функционира. Она што ги засега туристичко-угостителските компании е да се обезбеди целосна примена на законот, што значи сите правни субјекти од дејноста да плаќаат за авторските и музичките дела, а не како сега кога само еден дел од нив плаќаат и го носат товарот.
Од страна на претставниците на СОКОМ МАП беше посочено дека во изминатиот период, во законски предвидениот рок од 60 дена, не успеале да постигнат договор со другото Здружение за заштита на авторски музички дела - ЗАМП, со што сега согласно законот Комисијата за посредување во авторското право и сродните права треба да даде предлог како ќе функционираат двете здруженија во иднина.
Во делот на тарифите и висината на предложените обврски беше посочено дека во предвидениот рок од 30 дена, до 26 јули 2016 година, Здружението ќе достави писмени забелешки до СОКОМ МАП со цел да се земат предвид ставовите и мислењето на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.
Инаку, Здружението на угостителството и туризмот при Комората со години прави напори да обезбеди подобри услови за компаниите од дејноста во насока на намалување на тарифите кои имаат обврска да ги плаќаат во насока на заштита на авторските музички дела, но при тоа се алармира и на јавност на работата на ЗАМП, како и на целосна покриеност на територијата на земјата од аспект на плаќање на сите угостителски објекти. Со давањето лиценца и на второ здружени, се смета дека е постигнат напредок во обезбедување на конкуренција, но при тоа Законот со некои одредби и натаму претставува пречка конкуренцијата реално да се чувствува.
Даниела Михајловска Василевска
Дирекција на здруженија според дејности одржа состанок на 31.03.2016 година во Стопанската комора на Македонија по објавениот јавен повик за Предлог на Правилникот со тарифа на користење авторски музички дела, објавен на веб-страната на Здружението за заштита на авторски музички дела – ЗАМП, како и во весникот „Нова Македонија“ на 16.3.2016 година, со цел засегнатите субјекти во законски предвидениот рок од 30 дена да дадат свое мислење по истиот.
Здружението на угостителството и туризмот, Здружението на трговијата и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на заедничка седница одржана на 31.3.2016 година, како и на поединечно организирани расправи, секој во рамките на своето здружение, го разгледаа Предлогот на Правилникот со тарифа за користење авторски и музички дела од Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП.
Во насока на конструктивно решавање на проблемот со висината на давачките кон ЗАМП, доставија мислењата и предлозите по Предлогот на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела од наведените здруженија, поддржани и од други бизнис-асоцијации и здруженија кои функционираат надвор од Комората, кои треба да придонесат за унапредување на постојните решенија за колективно управување со авторското право и сродните права. Стопанската комора на Македонија иницира вклучување на член од бизнис-заедницата во Управниот одбор на ЗАМП, со цел да се дава директен придонес уште при донесување на Предлог на Правилникот, како и навремено да може да се реагира на соодветни решенија кои ги предлага ЗАМП.
Во таа насока, членките на Здружението на угостителството и туризмот во рамките на Стопанската комора на Македонија, по објавениот јавен повик за Предлог на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, објавен на веб - страната на Здружението за заштита на авторски музички дела - ЗАМП, како и во весникот „Нова Македонија“ на 16.3.2016 година, со цел засегнатите субјекти во законски предвидениот рок од 30 дена да дадат свое мислење по истиот, на седницата одржана на 31.3.2016 година, констатираа дека се направени многу мали корекции на Предлогот на Правилникот од последниот текст на Предлогот, од октомври 2015 година, при што остануваат големите финансиски оптоварувања за хотелско-угостителските субјекти. Во насока на ваквите тврдења, Здружението ја има поддршката и од Асоцијацијата „ХОТАМ“.
Се забележува на фактот што неколку кратно се мултиплицира трошокот кон ЗАМП. При тоа, се бара ЗАМП да обезбеди наплата од сите правни субјекти кои подлежат на обврската за плаќање, а не само од дел од нив, како што е случајот сега.
Членките на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија се заинтересирани да ги користат услугите на ЗАМП, како колективен управувач на правата на домашните автори и носители на авторски права и со тоа да го зголемат задоволството и пријатноста на корисниците во угостителските објекти, го почитуваат односот кон користењето на творештвото и обврската да се плаќа надомест, но, притоа, се оценува тека треба да се согледа и економскиот ефект од оптоварувањето на корисниците кои се должни да ја исполнат оваа обврска, во услови на намалена економска активност и голема оптовареност со трошоци.
Согласно последниот Предлог на Правилникот со тарифа кој е даден на разгледување, се констатира дека и во овој предлог не се прифатени речиси ниту една од забелешките на бизнис-секторот. За таа цел, се апелира за операционализација на напорите на двете страни со цел изработка на Правилник со тарифа за користење авторски музички дела кој ќе биде од интерес на сите. Компаниите потенцираат дека не се против плаќање надоместок за автроските музички дела и сметаат дека оваа обврска треба да се исполнува, но при тоа забележуваат дека ЗАМП треба да обезбеди целосна наплата од сите правни субјкети кои подлежат на оваа обврска, а не само од дел од нив.
Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија го разгледа Предлог на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела (во натамошниот текст: Тарифа), посебно тарифниот број 6, кој се однесува на користење на музичките дела по пат на механичка музика во продажните центри и други деловни простори и го доставува следното Мислење по Предлог на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела на Здружението за заштита на авторски музички права.
Компаниите членки на Здружението на информатичко-комуникациските технологии, потенцираат дека не се против плаќање надоместок за автроските музички дела и сметаат дека оваа обврска треба да се исполнува. Континуирано веќе неколку години безуспешно компаниите посочуваат дека тарифите во Правилникот се целосно несоодветни за условите и економската состојба во Република Македонија. За споредба, висината на месечниот надомест во европските развиени земји изнесува, на пример, од 0,006 до 0,3% од бруто домашниот производ на земјата. Во Македонија тој процент е 0,52% и тоа во услови кога Македонија има двојно помал БДП од земјите со кои се прави споредбата (Словачка, Унгарија, Бугарија).
Се забележува на фактот што неколкукратно се мултиплицира трошокот кон ЗАМП. На пример, правните субјекти плаќаат радиодифузна такса, плаќаат за кабелски приклучок и плаќаат кон ЗАМП конкретен надомест, во исто време кога обврска кон ЗАМП имаат и кабелските опреатори и МРТВ, што според нив е само мултиплицирање на трошокот. При тоа, се бара ЗАМП да обезбеди наплата од сите правни субјкети кои подлежат на обврската за плаќање, а не само на дел од нив како што е случајот сега.
Даниела Михајловска Василевска
Измените на Законот за угостителската дејност неприфатливи за бизнис секторот - 08.03.2016
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и авто кампови и Стопанската комора за туризам на Македонија, на заеднички состанок разговараа за „Најновите измени и дополнувања на Законот за угостителска дејност, донесени по скратена постапка, кои се веќе објавени во Службен весник и со примена од први март годинава.
Измените и дополнувањата предвидуваат: Нова категоризација на сите угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, пансион, туристички апартман, планинарски и ловни домови), во рок од една година од стапување во сила на Законот, што значи заклучно со февруари 2017 година сите угостителските објекти за сместување да треба да бидат повторно категоризирани, нови цени за категоризираните објекти, со воведување на надоместок од 100 евра за една ѕвезда до 500 евра за пет ѕвезди и плус трошоците за комисијата која ќе врши категоризација, нова Комисија за категоризација на угостителските објекти за сместување, од постојните 5 на 13 члена, во која ќе членуваат исклучиво претставници на Владини институции.
Целта на заеднички организираниот состанок од трите бизнис асоцијации за туризам и угостителство, беше преку отворена дискусија да се слушнат размислувањата на бизнис секторот, како измените предвидени во Законот за угостителска дејност (имајќи во предвид дека истиот е донесен по скратена постапка и без при тоа да биде консултирана бизнис заедницата), ќе се одразат на работата на хотелите од аспект на дополнителни трошоци и постојната организациска поставеност, имајќи го и предвид фактот дека во рок од една година ќе треба да се изврши комплетно нова категоризација во сите угостителски објекти за сместување.
По исцрпната и обемна дискусија од учесниците на состанокот на кој присуствуваа и претставници од министерството за економија како надлежно за дејноста туризам и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беше заклучено дека забелешките сублимирано, ќе бидат доставени до ресорното министерство и ќе се побара средба директно со министерот за економија.
Даниела Михајловска Василевска
ЕФЕКТИТЕ ОД ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ – УСЛОВ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА ВО ХОТЕЛИЕРСТВОТО И УГОСТИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ
Прес-конференција, 15.02.2016 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари - декември 2015 година, во Македонија престојувале 816 067 туристи, што е за 10,9% поголем број на туристи споредено со истиот период лани. Според класификацијата, статистиката покажува дека кај домашните туристи во 2015 година во однос на истиот период лани, има раст од 6,5% а кај странските зголемувањето е 14,2%. Бројот на ноќевањата во истиот споредбен период во просек е зголемен за 9,0%, кај домашните туристи за 6,0%, а кај странските за 12,3%.
Даниела Михајловска Василевска
18.12.2015
Јавна дебата за правата на авторите без претставници од ЗАМП и ММИ - ИЗОСТАНА КОНКРЕТНИОТ ДИЈАЛОГ, КОМОРАТА ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ БАРАЊАТА
Министерството за култура организираше Јавна расправа за имплементирање на актуелниот Закон за авторското право и сродните права во делот на колективното управување. Министерката Елизабета Канческа Милевска, во своето обраќање акцентот го стави на бојкотот на двете организации за колективно управување на авторските права, здруженијата ЗАМП И ММИ, за денешната распарава. Канческа-Милевска апелираше до авторите активно да се борат за своите права и да го бараат тоа што им припаѓа.На јавната дебата Стопанската комора на Македонија во име на засегнатите здруженија, за угостителство и туризам, за информатичко комуникациски технологии и за трговија, информираше за конкретните забелешки што веќе се доставени по предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, како и за предлозите кои како забелешки на постојниот Закон за авторското право и сродните права, ќе бидат доставени до министерството. Во таа насока беше потенцирано дека, членките на Стопанската комора на Македонија го почитуваат односот кон користењето на творештвото и обврската да се плаќа надомест, како и за сите други производи и услуги, особено ако нивното користење директно или индиректно влијае врз остварувањето на приход кај корисниците. Сепак, алармираат дека потребно е да се согледа и економскиот ефект од оптоварувањето на корисниците кои се должни да ја исполнат оваа обврска, особено поради фактот што во дејностите во кои опстојуваат, по разни основи произлегуваат и други обврски односно трошоци поврзани со природата на дејноста.
Даниела Михајловска Василевска
30.11.2015
Бизнис-заедницата со конкретни забелешки по Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела - НАДОМЕСТОК СОГЛАСНО ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА ВО ЗЕМЈАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ТРОШЕЊЕТО НА СРЕДСТВАТА
Здружението на угостителството и туризмот, Здружението на трговијата и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на поединечно организирани расправи, секој во рамките на своето здружение, како и на заедничка седница одржана на 24.11.2015 година, го разгледаа Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски и музички дела од Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП, беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија на тема: „Бизнис-заедницата со конкретни забелешки по Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела. Членките на Стопанската комора на Македонија потенцираат дека го почитуваат односот кон користењето на творештвото и обврската да се плаќа надомест, како и за сите други производи и услуги, особено ако нивното користење директно или индиректно влијае врз остварувањето на приход кај корисниците. Сепак, алармираат дека е потребно да се согледа и економскиот ефект од оптоварувањето на корисниците кои се должни да ја исполнат оваа обврска, особено поради фактот што во дејностите во кои опстојуваат, по разни основи произлегуваат и други обврски, односно трошоци поврзани со природата на дејноста. Во таа насока, заедничка е констатацијата дека во Предлог-правилникот, се направени многу мали корекции согласно постојниот Правилник, за кој речиси две години постојат и насоки од надлежните институции да биде променет, а остануваат големите финансиски оптоварувања за обврзниците по истиот.
Даниела Михајловска Василевска
24.11.2015
Здруженијата на угостителството и туризмот, информатичката технологија и на трговијата заеднички ќе достават забелешки по Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела - НЕДОСТАСУВА ЕКОНОМСКИОТ ПРИСТАП И ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Здруженијата на угостителството и туризмот, информатичката технологија и на трговијата во рамките на Стопанската комора на Македонија заеднички ќе достават забелешки по Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, за кој во моментов во тек е јавен повик. Заедничка е констатацијата дека правните субјекти не отстапуваат од законската обврска согласно работењето да издвојуваат одреден износ за плаќање на обврските по основ на користење авторски музички дела, но Предлог-правилникот е спорен од неколку аспекти. За таа цел, членките на засегнатите здруженија во рамките на Комората, во законски предвидениот рок, писмено ќе достават мислење по Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела до ЗАМП, а ќе ги информираат и надлежните институции, Министерството за култура и Комисијата за посредување за своите предложени измени. Стопанската комора на Македонија има поддршка и од други бизнис-асоцијации и здруженија кои функционираат надвор од Комората.
Даниела Михајловска Василевска
10.11.2015
Здружението на угостителството и туризмот го разгледуваше Предлог-правилникот со тарифа на користење авторски музички дела - БАРАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДАВАЧКИТЕ КОН ЗАМП
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија одржа состанок на кој се разгледуваше текстот на Предлог-правилникот со тарифа на користење авторски музички дела, изработен од страна на Здружението за заштита на авторски музички дела - ЗАМП за кој веќе тече јавниот повик. Членките на Здружението на угостителството и туризмот при Комората дискутираа за точките од Предлог-правилникот кои за нив се неприфатливи и бараат одредени корекции. Имено, веќе одреден период наназад, хотелиерите и угостителите бараат ревидирање на постојниот Правилник со тарифа на користење авторски музички дела, со цел намалување на давачките кон ЗАМП, со објаснување дека тие се преголемо финансиско оптоварување за правните субјекти, во услови кога нема целосен приказ за што се се` користат средствата собрани на сметката во Здружението за заштита на авторски музички дела.
Предлог-правилникот со тарифа на користење авторски музички дела
Даниела Михајловска Василевска
05.10.2015
Прес-конференција на тема: ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ СО ТАРИФА ЗА КОРИСТЕЊЕ АВТОРСКИ МУЗИЧКИ ДЕЛА, СО ЦЕЛ НАМАЛУВАЊЕ НА ДАВАЧКИТЕ НА ХОТЕЛИТЕ И УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ КОН ЗАМП
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, веќе подолго време на своите состаноци расправа за висината на надоместокот за авторски музички дела што хотелите и угостителските објекти по основ на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, согласно Законот за авторското и сродните права, ги плаќаат кон Здружението за заштита на авторски музички права - ЗАМП, а кој за хотелско-угостителските субјекти се спорни од два аспекта: 1. Во делот на тоа за што се` се пресметува надоместок кон ЗАМП, согласно Правилникот со тарифа за користење авторски музичко дела, спорни се тарифите 2, 3, 4 и 5 кои се однесуваат за забавни, други приредби, за угостителските објекти и за хотелите. Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија меѓу другото, предлага драстично намалување на процентот кој е предвиден во тарифниот број 2. За угостителите и хотелиерите, неприфатливо е да плаќаат по 12% од приходот во случај на организација на забавна приредба. 2. Хотелите и угостителските објекти алармираат дека овој трошок претставува голем финансиски товар во нивното работење. По однос на ова прашање Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија оствари комуникација и со ХОТАМ и при тоа заедничка е констатацијата дека хотелите и угостителските објекти се нереално оптоварени со давачки кон ЗАМП и дека е потребно нивно намалување, за што ќе следат и заеднички активности на здружението при комората и ХОТАМ.
Даниела Михајловска Василевска
29.06.2015
Пораки од Медитеранската конференција за туризам што се одржа во Будва, Република Црна Гора - НОВИ ТУРИСТИЧКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА ТОП-ДЕСТИНАЦИИ ВО СВЕТОТ
Претставници на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија учествуваа на Меѓународната конференција за туризам на тема: „Квалитетот клучен услов за успех на медитеранската туристичка дестинација“, што се одржа во организација на Светската туристичка организација во рамките на Обединетите нации (UNWTO), во Будва, Р. Црна Гора, од 22 до 24 јуни 2015 година.На Конференцијата преку презентации, говорниците изнесоа серија информации за актуелните движења во туризмот во медитеранските земји, како: • споредба на фактите, што некогаш, а што сега бараат туристите; • какви се очекувањата за развој на туризмот за следниот период; • кои се таргет туристите на кои Медитеранот треба да се надева и врз основа на чии желби и потреби ќе треба да се креираат туристичките понуди во иднина; • туристи според години; • цел на патување, видови дестинации, начин на патување, на плаќање и сл. Во 2015 година на Медитеранот престојувале 332.766.000 туристи, а идејата е оваа бројка до 2030 година да достигне 500.000.000 туристи. Вкупното учество на туризмот во бруто домашниот производ изнесува 4,9% од вкупниот БДП на Медитеранот; 5,1% од вкупниот број вработени се во дејноста туризам; 6,8% од вкупните инвестиции или 139,2 милијарди американски долари се инвестирани во туризмот. На крајот на Конференцијата беа донесени неколку заклучоци: потребно е да се подобри квалитетот на туристичкиот производ; секоја земја на Медитеранот да работи на свои национални производи во насока на подобрување на конкуренцијата; регионите во Медитеранот мора да бидат конкурентни и да соработуваат; потребно е приспособување кон промените на светските мапи; младите почнуваат да патуваат многу повеќе, што е нова и различна категорија туристи; се менуваат формите и начините како луѓето одлучуваат да ги трошат парите.
Даниела Михајловска Василевска
29.06.2015
Инсистирање за понатамошно поттикнување на туризмот кој е со значаен девизен ефект во економијата на земјава - СТИМУЛАЦИИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО И ХОТЕЛИЕРСТВОТО
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, на неколку последователни седници ги разгледува разните видови статистички податоци од дејноста и останатите информации од надлежните државни инстиотуции кои дефинитивно потврдуваат дека порастот на странските туристи е изразен и со континуиран раст по доделувањето на субвенциите. Но, она на што укажуваат хотелиерите и угостителите е дека по 5 години колку што во континуитет се обезбедува поддршката на туризмот преку стимулирање на странски туроператори, потребно е да се размислува и за поддршка и стимулации и на рестораните и хотелите во Македонија, каде овие туристи престојуваат, се хранат и сл. Барањата на хотелиерите и угостителите се во насока на растоварување на дел од трошоците, со цел девизниот прилив кој е поизразен со растот на странските гости, да може да се искористи за реинвестирање во објектите со цел нивно приспособување на потребите на гостите, како и следење на трендовите во регионот и светот каде хотелско-угостителските објекти нудат разни видови нови услуги согласно потребите на гостите. Во таа насока, како клучен проблем на хотелиерите и угостителите во овој момент е ДДВ што го плаќаат на храната (пијалаците не се дел од оваа пресметка), што се служи во рестораните, која како влезна суровина се оданочува со 5%, а на крајот вкупната услуга, во која влегува и материјалниот трошок се оданочува со 18%.
Даниела Михајловска Василевска
15.06.2015
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и ХОТАМ со заеднички барања - ДОПРЕЦИЗИРАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ ЗА СЕЗОНСКО ВРАБОТУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, преку Регионалната комора со седиште во Охрид, а во соработка со Хотелската асоцијација на Македонија – ХОТАМ, одржаа заеднички состанок. На состанокот, што се одржа во Охрид, се разгледаа повеќе точки, кои угостителите, а и воопшто туристичките работници ги посочуваат како проблеми со кои се среќаваат во секојдневното работење. Вработувањето сезонски работници, субвенционирањето на девизниот прилив од туризмот и угостителството и нелојалната конкуренција од „Човек-агенциите“, кои на пазарот излегуваат со сомнителни понуди, ниски цени и неквалитетни услуги, беа темите дефинирани за состанокот. Во делот на примена на Законот за сезонски работници, забелешките на угостителите се дека тој треба да претрпи измени, во делот на вработените во хотелско-угостителските објекти кои работат во одредени сезони од годината, бидејќи во тој период вработените се максимално ангажирани, а по завршување на сезоната останува недефинирано како може да им се надоместат прекувремено одработените саати. За таа цел, на состанокот беше констатирано дека ќе треба да се види искуството од земјите, пред се`, во регионот како е решено ова прашање и согласно македонските услови да се направат соодветни измени на Законот, за што Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и ХОТАМ ќе достават конкретен предлог до надлежните владини институции.
Даниела Михајловска Василевска
09.04.2015
Работилница за измените на Законот за безбедност на храна - УГОСТИТЕЛИТЕ СО ОБВРСКА ДА ЈА ОБЕЛЕЖУВААТ ХРАНАТА КОЈА СОДРЖИ АЛЕРГОГЕНИ ЕЛЕМЕНТИ
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија организираше работилница на тема - “Обврски на угостителите за новите измени на Законот за безбедност на храна” ( 9 април 2015 година). На работилницата присутните беа информирани за новите измени на Законот за безбедност на храна, со кои е воведена обврската во менијата да се евидентираат производите кои содржат алергогени супстанци, како и за другите обврски кои произлегуваат од Законот. Во рамки на работилницата, примариус доктор Ленче Јовановска од Агенцијата за храна и ветеринарство, ги информираше присутните за обврските кои произлегуваат од Законот за безбедност на храната, соодветно на тоа и согласно Правилникот за начинот на означување на храната, а сето тоа усогласено со европската правна рамка и европските директиви за означување, презентирање и рекламирање, дополна во однос на состојките и означување на нутритивните вредности а како краен ефект исклучително внимателно да се користат производите со алергогени примеси.
Даниела Михајловска Василевска
09.04.2015
Здружение на угостителството и туризмот со барања - НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ ОД 18 НА 5 ОТСТО ЗА ХРАНАТА ВО ХОТЕЛИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ И СТИМУЛАЦИИ
Намалување на ДДВ од 18% на 5% за храната во хотелите и рестораните, стимулации во угостителството, односно хотелиерството, иницираа претставниците на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија на седницата што се одржа на 9.4.2015 година. Членките на здружението веќе подолго време ги анализираат состојбите и разговараат за идејата да се покрене иницијатива со која ќе се предложат серија конструктивни мерки што ќе значат финансиско растоварување на хотелско - угостителскиот сектор и индиректен стимул за нови инвестиции и модернизација на постојните капацитети. На состанокот се отворија повеќе проблеми со кои се соочуваат секојдневно, како што се високиот износ на ДДВ, ограничувањето на работното време на угостителските објекти во рурални средини, стимулациите во угостителството, односно хотелиерството, законот за пушење, високите давачки кон ЗАМП и други.
Даниела Михајловска Василевска
16.03.2015
Бизнис-семинар во Талин - МАКЕДОНИЈА И ЕСТОНИЈА ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА СОРАБОТКА ПРВЕНСТВЕНО ВО ТУРИЗМОТ И ВО ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР
Делегација од македонски компании од областа на туризмот и од прехранбениот сектор („Дониа“ од Прилеп, туристичките компании „Аурора Турс“и „Пине Холидеј“ од Скопје „Колди Етно Село“ - Куманово), во организација на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, учествуваше на Бизнис-семинарот во Талин, Република Естонија, од 10 до 13 март 2015 година. Целта на семинарот, на кој учествуваа и претставници од бизнис-секторот од Србија, беше поттикнување на соработката на релација Македонија – Естонија и Србија – Естонија, во различни сектори. Во рамки на семинарот, беа организирани и деловни средби меѓу македонските компании и заинтересираните компании за соработка од Естонија. Општиот впечаток од посетата е дека Естонија и Македонија имаат можност за зголемување на соработката, пред се` во туризмот и во прехранбениот сектор, со акцент на кондиторските производи и производите од конзервната индустрија.
Даниела Михајловска Василевска
09.12.2014
“СЛЕДЕЊЕ НА ЕФЕКТИТЕ ОД ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ – УСЛОВ ЗА РЕАЛЕН ПРИКАЗ НА ВКУПНАТА ЕКОНОМСКА АКТИВНОСТ”
Официјалните податоци од Заводот за статистика, за 9-те месеци од годината покажуваат дека вкупниот број на туристи во Македонија изнесува 604.683 лица, што е за 5,6% поголем број на туристи споредено со истиот период лани. Од нив 261.327 лицa се домашни туристи, а 343.356 лица се странци, или околу 56,8%, од вкупниот број евидентирани туристи за периодот јануари септември. Бројот на домашни туристи во периодот јануари – септември годинава споредено со истиот период од 2013 година е за 2,2% поголем, а обемот на странски гости е зголемен за 8,4%.
Презентација за Прес конференција
Даниела Михајловска Василевска
14.11.2014
Единствена туристичка понуда во регионот со цел зголемување на бројот на туристите како основa за поголем економски бенефит во сите земји од регионот - ЗАКЛУЧОК ОД ЦЕФТА-РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУДВА, Р. ЦРНА ГОРА
Конференцијата во рамките на ЦЕФТА-Проектот под наслов „ЦЕФТА регионот - единствена туристичка дестинација”, се одржа во Будва, Р. Црна Гора. Целта на конференцијата беше да се дебатира и разговара за можностите за креирање на регионални туристички производи во насока на зголемување на бројот на туристи во регионот и нивно позитивно влијание на вкупниот економски ефект во секоја од земјите од ргеионот. Имајќи предвид дека успешниот развој на туризмот има повеќекратно влијание врз земјоделството, трговијата, транспортот и други сектори на економијата, постои потреба за подобрување на конкурентноста во овој сектор. Ова може да се постигне преку збогатување на туристичката понуда со фокус на креирање регионални туристички тури, продолжување на туристичката сезона и постигнување на поинтензивна соработка меѓу туризмот и земјоделството, кои ќе придонесат и за препознавање на туристички атракции.На конференцијата се потенцираше неопходноста за продолжување на туристичката сезона преку консолидирање на понуди од земјите од регионот, зајакнување на бренд на Југоисточна Европа како туристичка дестинација и интензивна промоција на земјоделски и прехранбени производи. Во рамките на средбата во Будва, деловните луѓе и претставниците на коморите од земјите на ЦЕФТА-регионот ги претставија проблемите со кои се соочуваат во нивната секојдневна работа, како и своите визии за развој на туристичкиот сектор, а беа посочени и предлози кои ќе бидат испратени до надлежните органи со цел да се направи предлог за уникатни туристички атракции.За таа цел, во рамки на конференцијата беа организирани и панел-сесии, на коишто се дебатираше за:• Менаџирање на туристичка дестинација;• Единствена туристичка понуда на регионот ЦЕФТА; • Земјоделските производи во туристичката понуда.
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ЦЕФТА-РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУДВА, Р. ЦРНА ГОРА
Даниела Михајловска Василевска
07.07.2014
Здружението на угостителството и туризмот и Македонската музичка индустрија (ММИ) потпишаа Општ договор - ОБЕЗБЕДЕНИ ПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА ВИСИНАТА НА ПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ФОНОГРАМИ И ИЗВЕДБИ
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и Македонската музичка индустрија (ММИ) потпишаа Општ договор за обебзедување поволни услови за висината на плаќање на надоместокот за фонограми и изведби, за 2013 година и за 2014 година до стапување на сила на новиот Предлог-правилник. Општиот договор го потпишаа потпретседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија Соња Бибановска, директор во „Македонијатурист“ АД – Скопје, и Бодан Арсовски, претседател на ММИ. На редовната прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (7.7.2014 година) свое обраќање по основ на потпишувањето на Општиот договор имаа потпретседателот на Здружението, Соња Бибановска, која потенцираше дека овој општ договор е од исклучителна важност за хотелите и рестораните - членки на Здружението на угостителството и туризмот при Комората, бидејќи со него се обезбедуваат исклучитечлно поволни услови и суми за плаќање на обврската за фонограми и изведби, наспроти првично предложениот правилник кој значеше големо оптоварување за хотелиерите и рестораните. Бодан Арсовски, како претседател на ММИ, истакна дека по две години преговори со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, постигнат е договор за плаќање повластена цена кон ММИ. Соработката со Здружението на угостителството и туризмот при Комората е дотолку позначајна, бидејќи на предлог на Здружението и интензивните преговори изминатите две години, ММИ во новиот правилник ги вгради сите забелешки на ова Здружение.
Даниела Михајловска Василевска
20.05.2013
Прес-конференција Иницијатива на туристичкиот сектор на стопанските комори од југоисточна Европа - ПОДГОТОВКА НА ЗАЕДНИЧКИ ТУРИСТИЧКИ ПРОИЗВОД
На средбата на туристичките сектори на Македонија и Бугарија беше извршена промоција на можностите на двете туристички стопанства и беа разменети искуства - ДОГОВАРАЊЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНО ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА ВО СИТЕ ОБЛАСТИ НА ТУРИЗМОТ>>>
Македонски готвачи на 8. медитерански фестивал „Бисер на морето 2013“ во Супетар на Брач, во Хрватска
ОСВОЕНО ПРВО МЕСТО ВО РЕВИЈАЛНИОТ НАТПРЕВАР ВО ГОТВЕЊЕ, стр 5-7
Здружението на угостителството и туризмот домаќин на туроператори и новинари од Албанија - ПОЧЕТОК НА ИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИОТ ТУРИСТИЧКИ СЕКТОР
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, на 15.3.2013 година одржа бизнис-средба со најголемите туристички агенции и туроператори од Албанија. На состанокот претседателот на Здружението, Снежана Јовановска Трајковска имаше презентација на туристичките можности на Република Македонија, а присутните претставници на најзначајните туристички агенции и туроператори, ресторани и хотели од Македонија ги претставија своите понуди за туристите од Албанија.
На биснис-средбите беше нагласено дека Албанија, како соседна земја има едно од најзначајните влијанија во македонскиот туризам. Туристите од Албанија секогаш биле меѓу првите три земји со најголемо учество на туристи во Македонија. Во месец јануари оваа година, тоа учество изнесува над 12 % од вкупниот број странски туристи кај нас.
-Македонија со својата понуда за сечиј џеб и со сместувачки објекти за сите сезони и сите видови туризам е одлична туристичка дестинација, - изјави Снежана Јовановска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.
Туроператорите од Албанија пријатно беа изненадени од она што го видоа до сега разгледувајќи ја Македонија и истакнаа дека со задоволство ќе ја препорачаат Македонија во нивните туристички понуди.
Македонските и албанските менаџери од областа на туризмот очекуваат многу брзо да ги продолжат контактите, да отпочнат интензивна соработка и да склучат повеќе договори за соработка.
На Саемот за туризам во Белград договорени заеднички активностите во областа на туризмот во земјите од Југоисточна Европа - РЕГИОНОТ СЕ ПРЕТВОРА ВО ЗАЕДНИЧКИ БРЕНД
Во организација на Здружението на угостителството и туризмот и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија, на 22 февруари 2013 година, се одржаа меѓународни бизнис-средби на компании од областа на туризмот во рамките на Меѓународниот саем за туризам во Белград. Целта на средбите е вмрежување и воспоставување бизнис-соработка меѓу компаниите од туристичката индустрија.
Десет македонски компании ја искористија можноста за воспоставување бесплатни контакти и бизнис-релации со тур-оператори, туристички агенции, организатори, хотели, ресторани, хостели, ски-ресорти, спа-центри и други туристички работници од регионот и од Европа. На бизнис-средбите тие обезбедија директни средби со потенцијални партнери, информации за новитетите и трендовите во туризмот, го промовираа бизнисот и ги споделија искуствата.
Меѓународните бизнис-средби беа билатерални разговори меѓу учесниците, претставници на компаниите, со обезбедени до 20 минути за взаемно презентирање на посакуваната соработка. Директориумот со бизнис-профилите на сите учесници беше достапен на сите заинтересирани страни.
Делегацијата на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, која ја предводеше претседателот Снежана Јовановска Трајковска, учествуваше на повеќе настани што се одржаа во рамките на Белградскиот саем за туризам:
|
Претставниците од стопанските комори од секторите за туризам ги договорија активностите на работната група, составена од претставници од стопанските комори од регионот, која ќе го дефинира новиот заеднички туристички производ од регионот. Сите земји ќе го понудат најдоброто од својот туристички потенцијал. Сето тоа ќе резултира со единствен нов туристички бренд од Југоисточна Европа, со понуда и привлекување туристи од трети земји.
Барање на Здружението на угостителството и туризмот -НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА УСЛУГИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија на седница, со која раководеше претседателот Снежана Јовановска Трајковска, донесе неколку значајни одлуки за унапредувањето на работата на компаниите од угостителството, рестораните, туристичките агенции и хотелиерството (7.2.2013 година). Пред се, тоа се однесува на утврдувањето на нормативи за дозволена висина на кало и растур во угостителството и туризмот, како и на Кодекс на однесување во угостителството и туризмот со цел да се влијае на фер конкуренција и на заштита на потрошувачите на пазарот.
Финансиска поддршка на компаниите од угостителството и туризмот е мерка поздравена од туристичката индустрија. Но, беше потенцирано дека намалувањето на данокот на услугите при припремањето на храна и обавувањето на услугите во прехраната во угостителските објекти и припремата и послужувањето на безалкохолните пијалоци, вината и пивото во тие објекти, се вистинската поддршка која ја бара Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. Тоа ќе придонесе за поттикнување на вработеноста и порастот на овој сектор, осовременување на објектите, зголемување на конкурентноста и ќе се отвори простор за обука на млади кадри и унапредување на културното и кулинарското наследство. Вакво намалување на данокот во угостителството веќе е во примена во 14 земји од Европа, а во нив се сите медитерански земји.
На барање на Министерството за култура на Република Македонија, Здружението изготви и неколку измени и дополнувања на Законот за авторски права, со цел нивно реално вреднување и рамномерно оптоварување на компаниите.
Здружението покрена иницијатива за измени на Законот за туристичка дејност во насока на негово прилагодување на современите достигнувања на информатичката технологија и нивната примена за унапредување на решенијата во работењето на компаниите од туристичката индустрија.
11.11.2024
И покрај неколку годишните кризни години од 2020та година (со мултиплицирање на кризата во различни форми), во кои туристичкиот сектор имаше сериозно негативни реперкусии поради разни видови...
04.05.2023
По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори...
08.03.2023
Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носење на нов закон за игри на с...
16.02.2023
Во февруарскиот број на печатеното издание на магазинот Економија и Бизнис, со дел од фирми членки во Здружението на угостителството и туризмот Стопанската комора подготви материјал во кој п...
02.02.2023
Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора активно придонесува за развој на модерна, конкурентна туристичка индустрија на професионална основа.&nb...
11.11.2024
И покрај неколку годишните кризни години од 2020та година (со мултиплицирање на кризата во различни форми), во кои туристичкиот сектор имаше сериозно негативни реперкусии поради разни видови...
04.05.2023
По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори...
08.03.2023
Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носење на нов закон за игри на с...
16.02.2023
Во февруарскиот број на печатеното издание на магазинот Економија и Бизнис, со дел од фирми членки во Здружението на угостителството и туризмот Стопанската комора подготви материјал во кој п...
02.02.2023
Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора активно придонесува за развој на модерна, конкурентна туристичка индустрија на професионална основа.&nb...
11.11.2024
И покрај неколку годишните кризни години од 2020та година (со мултиплицирање на кризата во различни форми), во кои туристичкиот сектор имаше сериозно негативни реперкусии поради разни видови...
04.05.2023
По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори...
08.03.2023
Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носење на нов закон за игри на с...
16.02.2023
Во февруарскиот број на печатеното издание на магазинот Економија и Бизнис, со дел од фирми членки во Здружението на угостителството и туризмот Стопанската комора подготви материјал во кој п...
02.02.2023
Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора активно придонесува за развој на модерна, конкурентна туристичка индустрија на професионална основа.&nb...
11.11.2024
И покрај неколку годишните кризни години од 2020та година (со мултиплицирање на кризата во различни форми), во кои туристичкиот сектор имаше сериозно негативни реперкусии поради разни видови...
04.05.2023
По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори...
08.03.2023
Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носење на нов закон за игри на с...
16.02.2023
Во февруарскиот број на печатеното издание на магазинот Економија и Бизнис, со дел од фирми членки во Здружението на угостителството и туризмот Стопанската комора подготви материјал во кој п...
02.02.2023
Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора активно придонесува за развој на модерна, конкурентна туристичка индустрија на професионална основа.&nb...
11.11.2024
И покрај неколку годишните кризни години од 2020та година (со мултиплицирање на кризата во различни форми), во кои туристичкиот сектор имаше сериозно негативни реперкусии поради разни видови...
04.05.2023
По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори...
08.03.2023
Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носење на нов закон за игри на с...
16.02.2023
Во февруарскиот број на печатеното издание на магазинот Економија и Бизнис, со дел од фирми членки во Здружението на угостителството и туризмот Стопанската комора подготви материјал во кој п...
02.02.2023
Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора активно придонесува за развој на модерна, конкурентна туристичка индустрија на професионална основа.&nb...