„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за сметководство

19.06.2024

Основната цел на Предлог законот за сметководство е усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ во оваа област, како и доуредување на законските барања со кои се уредува водењето на сметководството и истите досега беа дел од Законот за трговските друштва.

 
Имено, главни цели на Предлог законот се:
 

- Пропишување на одредби кои се однесуваат на повеќе аспекти поврзани со организацијата на сметководството на трговските друштва;

 

- Дефинирање на регулаторна рамка за финансиско известување која ќе се користи од страна на друштвата со различна големина, во смисла на примена на МСФИ и МСФИ за МСЕ;

 

- Прецизирање на обврските на трговските друштва во рамки на годишното известување со подготвени финансиски извештаи и консолидирани финансиски извештаи;

 

- Утврдување на критериуми за трговските друштва кои ќе подлежат на обврската за задолжителна ревизија на финансиските извештаи;

 

- Дефинирање на одредби со кој детално ќе се пропише содржина на годишниот извештај за работењето и консолидираниот извештај за работењето на трговските друштва;

 

- Пропишување на обврска за друштвата од јавен интерес да подготват извештај за корпоративно управување и дефинирање на одредби кои се однесуваат на содржината на извештајот;

 

- Пропишување на обврска за транспарентност на нефинансиски информации кои треба бидат содржани во годишниот извештај за работењето подготвен од страна на големите трговци кои се друштва од јавен интерес и имаат повеќе од 500 вработени;

 

- Пропишување на обврска за вклучување на посебен извештај за исплати кон државни институции во годишниот извештај кој го подготвуваат друштва од јавен интерес кои работат во екстрактивната индустрија или сеча на примарни шуми и

 

- Пропишување на одредби за одговорностите на сметководителите и органите на управување и надзор над трговците во изготвувањето и дистрибуцијата на финансиските извештаи.