„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА ЗА ПОСЕТА НА ОБУКАТА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ И/ИЛИ ПРОИЗВОДИ КОИ СОДРЖАТ СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ

18.06.2024

 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 22-г став (9) од Законот за животната средина (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22 и 171/22), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА ЗА ПОСЕТА НА ОБУКАТА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ И/ИЛИ ПРОИЗВОДИ КОИ СОДРЖАТ СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ

Член 1

Со oвој правилник се пропишува висината на цената за посета на обука за постапување со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење, врз основа на реално направените трошоци за организирање на обуката кои се однесуваат на трошоците за набавка на материјали за обука, средства за ангажирање на обучувачи како и административни трошоци за обука.

Член 2

Висината на надоместокот за посета на обука од членот 1 на овој правилник изнесува: - 25.000 денари денари за обука за активности од лиценца за постапување со средства за ладење и производи кои содржат средства за ладење од прва категорија, - 20.000 денари денари за обука за активности од лиценца за постапување со средства за ладење и производи кои содржат средства за ладење од втора категорија, - 15.000 денари денари за обука за активности од лиценца за постапување со средства за ладење и производи кои содржат средства за ладење од трета категорија и - 10.000 денари денари за обука за активности од лиценца за постапување со средства за ладење и производи кои содржат средства за ладење од четврта категорија.

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.