Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15,
73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА НЕСООБРАЗНОСТА И
ВИСИНАТА НА ПРОЦЕНТОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА
ВО СЛУЧАЈ НА НЕСООБРАЗНОСТ (*)
Член 1
Со овој правилник се пропишува начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност.
Член 2
Несообразноста на задолжителните барања или услови и посебните минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина се утврдува како отстапка согласно критериумите за сериозноста, повторувањето, обемот и времетраењето на евидентираната несообразност утврдени во Законот за земјоделство и рурален развој.
Врз основа на критериумите од ставот 1 на овој член, отстапувањата можат да бидат од помал, среден или голем обем.
Член 3
Отстапувањата од помал обем се оние кои не претставуваат ризик по јавното здравје на луѓето или животните согласно критериумите од член 2 став 1 од овој правилник.
Отстапувањата од среден и голем обем се оние кои што имаат последици врз поголем дел од земјоделското стопанство и/или надвор од границите на земјоделското стопанство, а чиишто последици не можат или е тешко да се санираат на краток рок и претставуваат непосреден ризик по јавното здравје и/или здравјето на животните.
Член 4
Висината на процентот на намалување на директните плаќања во случај на отстапувања од помал обем е од 1% до 3%, во случај на отстапувања од среден е 3%, а во случај на отстапувања од голем обем е од 3% до 5%.