„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за користење и одржување на нафтовод и продуктовод

12.05.2024

Врз основа на член 143 став (2) од Законот за енергетика (*) („Службен весник на
Република Македонија’’ бр.96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.96/19 и 236/22), министерот за економија, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА НАФТОВОД И
ПРОДУКТОВОД
 
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој правилник се пропишува користењето и одржувањето на нафтовод и
продуктовод, а особено:
1) техничките барања за транспорт на сурова нафта, односно нафтени деривати,
2) техничките барања за одржување и безбедно функционирање на нафтоводот,
односно продуктоводот,
3) мерките и постапувањето во случај на хаварии,
4) функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење на транспортираните количини на сурова нафта, односно нафтените деривати и
5) другите барања неопходни за безбеден и сигурен транспорт на сурова нафта и
нафтени деривати.
Член 2
Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следново значење:
1) Оператор на нафтовод односно продуктовод (оператор) е носител на лиценца за вршење на енергетската дејност транспорт на сурова нафта преку нафтовод или транспорт на нафтени деривати преку продуктовод;
2) Нафтовод/продуктовод е систем за транспорт на сурова нафта и нафтени деривати составен од терминал за празнење, цевковод, вентилски станици, и приемен терминал;
3) Цевковод е дел од нафтоводот/продуктоводот, претставен преку функционални
поврзани низа цевки со соодветна арматура и опрема, кои се поврзани и инсталирани на пропишан начин и низ кои се транспортираат суровата нафта односно нафтените деривати од терминал за празнење до приемниот терминал;
4) Стругач е уред за чистење на цевководот (PIG-pipeline inspection gauge/scarper) кој е напоен со струен флуид кој се транспортира низ цевководот, според принципот на „слободен клип“ и кој претежно служи за чистење на цевководот од различни видови депозити, комплексен системски преглед на состојбата не цевководот, одвојување два или повеќе видови на флуиди за време на истовремен транспорт и друго;
5) Изведувач е претпријатие што во име и за сметка на операторот ги врши работите на одржување на цевководот;
6) Блок станица е станица на нафтовод/продуктовод, опремена со неопходно арматура и уреди за затворање и празнење на одделни делови на нафтоводот/продуктоводот;
7) Мерна станица е објект опремен со арматура и и уреди за мерење на проток,
температура и притисок на суровата нафта односно нафтените деривати, технолошки поврзана со нафтовод/продуктовод, рафинерија, терминал, товарно-истоварна станица или складиште;