Врз основа на член 20 став (3) од Законот за зоотехника (*) („Службен весник на
Република Северна Македонија“ бр.87/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА БАРАЊАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ВО
ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДДЕЛИ НА МАТИЧНАТА КНИГА (*)
Член 1
Со овој правилник се пропишуваат барањата за запишување на животни во
дополнителни оддели на матичната книга.
Член 2
(1) Барањата за запишување на животни во дополнителни оддели на матичната книга се следните:
1) животното да е идентификувано во согласност со прописите од областа на
ветеринарното здравство и со одобрената одгледувачка програма за приплод;
2) животното да ги исполнува барањата на соодветната раса согласно одобрената
одгледувачка програма за приплод и
3) животното да ги исполнува барањата за минимална продуктивност согласно
одобрената одгледувачка програма за приплод во однос на продуктивноста и генетската вредност на чистокрвните животни за приплод кои се запишани во главниот дел на матичната книга.
(2) Признатите организации на одгледувачи може да ги применат барањата за
соодветната раса или барањата за продуктивноста и/или генетската вредност на животни во зависност од тоа дали животното:
1) припаѓа на некоја од соодветните раси согласно одобрената одгледувачка програма за приплод, без оглед дали му е познато потеклото и/или
2) е добиено со програма за вкрстување, која е наведена во одобрената одгледувачка програма за приплод.
Член 3
Овој правилник престанува да важи со денот на пристапувањето на Република
Северна Македонија во Европската Унија.
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр.31-4447/2 16 април 2024 година,
Скопје
Министер за земјоделство,
шумарство и водостопанство
Љупчо Николовски, с.р.
(*) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕУ) 2016/2012 на
Eвропскиот парламент и на Советот од 8 јуни 2016 година за зоотехничките и генеолошки услови за приплод, трговија и пуштање во Унијата на чистокрвни животно за приплод, хибридни свињи за приплод и нивни зачетни производи и за изменување и дополнување на Регулативата (ЕУ) бр. 652/2014, Директивите на Советот 89/608/ЕЕЗ и 90/425/ЕЕЗ на Советот и за укинување на одредени акти во областа на приплод на животните (CELEX бр. 32016R1012).