„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви

04.04.2024

Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
ЗАКОНОТ ЗА СТОКОВНИТЕ РЕЗЕРВИ
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 28 март 2024 година.
Бр. 08-2173/1
28 март 2024 година
Скопје
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
 
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СТОКОВНИТЕ РЕЗЕРВИ
 
Член 1
Во Законот за стоковните резерви („Службен весник на Република Македонија“ број 84/2008, 77/2009, 24/11, 43/14 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 151/21), во членот 2 став (2) по зборот „јачмен“ се додаваат зборовите: „оризова арпа,“.
Член 2
Во членот 8 ставови (1), (2) и (3) зборовите: „Дирекцијата за храна“ се заменуваат со зборовите: „Агенцијата за храна и ветеринарство“.
По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
„(2) Стоковните резерви на оризова арпа се складираат, чуваат и се обновуваат кај складиштари кои поседуваат силоси или подни магацини за кои имаат одобрение за пуштање во промет на прехранбени производи, издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство.“.
Ставовите (2), (3), (4), (5), (6), (7) и (8) стануваат ставови (3), (4), (5), (6), (7), (8) и (9)“.
Член 3
Во членот 23 став (1) по зборот „јачмен“ се додаваат зборовите: „оризова арпа,“.
Член 4
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.