Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија,
претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на
Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ОБВРСКИТЕ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА РЕГИОНАЛНА ГАСИФИКАЦИЈА, КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ВРШЕЊЕ НАЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС НОМАГАС СКОПЈЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ
Се прогласува Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост и Европската банка за обнова и развој, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на
13 март 2024 година.
Бр. 08-1951/1
13 март 2024 година
Скопје
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
Претседател на Собранието
на Република Северна
Македонија,
Јован Митрески, с.р.
ЗАКОН ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА
ОБВРСКИТЕ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА
РЕГИОНАЛНА ГАСИФИКАЦИЈА, КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ
АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ
ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС НОМАГАС СКОПЈЕ ВО ДРЖАВНА
СОПСТВЕНОСТ И ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ
Член 1
Република Северна Македонија го гарантира намирувањето на обврските и
исполнувањето на одредбите од Договорот за заем за финансирање на Проектот за
регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Акционерското друштво за вршење на
енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост и
Европската банка за обнова и развој во износ до 98.600.000 евра, доколку Акционерското
друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во
државна сопственост не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот за заем.