„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

21.03.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
 
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 13 март 2024 година.
 
Бр. 08-1963/1                 
13 март 2024 година        
Скопје                                 
 
Претседател на Република
     Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател на Собранието
на Република Северна
        Македонија,
Јован Митрески, с.р.
 
 
    ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ
Член 1
Во Законот за медиуми („Службен весник на Република Македонија“ број 184/13 и
13/14) во член 1 во ставот (1) точката на крајот на реченицата се брише и се додаваат зборовите: „како и условите и постапката за доделување финансиска поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми.“.
 
Член 2
По членот 28 се додаваат три нови наслови и три нови члена 28-а, 28-б и 28-в, кои
гласат:
„Финансиска поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми
Член 28-а
(1) Владата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Владата) еднаш годишно во тековната календарска година објавува јавен повик за финансиска поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за претходната календарска година.
(2) Јавниот повик од ставот (1) на овој член ги содржи условите од членот 28-б став (3) од овој закон и истиот трае 10 дена од денот на објавувањето. Јавниот повик се објавува на веб- страницата на Владата, како и во најмалку три дневни весници кои се издаваат на територијата на Република Северна Македонија, од кои еден од весниците што се издаваат е на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.