Врз основа на членот 56 став (4) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 29/2002, 85/2003, 40/2004, 113/2005, 29/2007, 88/2008, 48/2009, 50/10, 171/10, 36/11, 98/12, 13/13, 164/13, 44/14, 192/15, 30/16, 21/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 180/19 и 103/21), Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 13 март 2024 година донесе
ОДЛУКА ЗА СОГЛАСНОСТ НА ОДЛУКАТА ЗА ВИСИНАТА НА МЕСЕЧНИОТ
НАДОМЕСТ ШТО ГО НАПЛАТУВА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА
КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗА 2024 ГОДИНА
Член 1
Собранието на Република Северна Македонија дава согласност на Одлуката за
висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на
капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2024 година.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Северна Македонија“.
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Бр. 08-1959/1
13 март 2024 година
Скопје
Претседател на Собранието
на Република Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.