„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА ВИСОКО ПАТОГЕНА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

12.03.2024

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
 
РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И
НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД
ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА ВИСОКО ПАТОГЕНА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА ЧЕШКА
 
Член 1
(1) Со ова решение заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена
авијарна инфлуенца се забранува увозот во Република Северна Македонија на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат од следните региони во Република Чешка:
- Требич/Třebíč,
- Свитави/Svitavy и
- Усти над Орлици/Ústí nad Orlicí.
(2) Забраната од став (1) на овој член се применува на следните пратки:
1) живина, и тоа кокошки, мисирки, бисерки, патки, гуски, препелници, гулаби, фазани, еребици и ноеви (ratitae) размножувани или чувани во затворен или ограден простор заради одгледување или чување за: размножување, производство на месо или јајца за исхрана или за обновување на популација на дивеч,
2) јајца за ведење, и тоа јајца за инкубација снесени од живина,
3) птици, и тоа животни од класата Aves, освен:
- живина,
- птици кои се увезуваат согласно програмите за зачувување на одредени видови птици,
- домашни миленици во придружба на сопственикот,
- птици наменети за зоолошки градини, циркуси, забавни паркови или експерименти,
- птици наменети за научно-истражувачки институти или центри и
- гулаби-писмоносци внесени на територијата на Република Северна Македонија од соседни трети земји, каде што живеат вообичаено, и веднаш пуштени со очекување дека ќе се вратат во трета земја од каде се внесени,
4) конзумни јајца од живина и пернат дивеч,
5) месо, мелено месо, подготовки од месо и механички обескоскено месо од живина и пернат дивеч,
6) производи од месо кои се состојат од или содржат месо од живина и пернат дивеч,
7) сурова храна за домашни миленици и непреработен материјал за храна за исхрана на животни кој содржи делови од месо од живина и пернат дивеч и
8) нетретирани трофеи од пернат дивеч.
 
Член 2
По исклучок од член 1 став (2) точка 6) од ова решение, може да се увезуваат
производи од месо кои се состојат од или содржат месо од живина и пернат дивеч само доколку месото од овие видови било подложено на еден од специфичните третмани B, C или D дадени во Прилог 6 Дел 6 Г на Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло(*1).
 
Член 3
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 02-660/1
29 февруари 2024 година
Скопје
 
Агенција за храна и ветеринарство
            в.д. Директор,
    Николче Бабовски, с.р.