„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Годишна наредба за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни или производи од животинско потекло во 2024 година

26.02.2024

Врз основа на член 57 став (1) алинеја 2 од Законот за ветеринарно здравство
(,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе
 
ГОДИШНА НАРЕДБА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ МЕРКИ И
КОНТРОЛИ ЗА ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ОД КОНТАМИНЕНТИ
ИЛИ РЕЗИДУИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ОД ЖИВОТНИ ИЛИ ПРОИЗВОДИ ОД
ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ВО 2024 ГОДИНА
 
Член 1
Општа одредба
Со оваа наредба се определуваат ветеринарните мерки и контроли за заштита на
јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни или производи од животинско потекло, a кои треба да се извршат во 2024 година.
 
Член 2
Mониторинг на присуство на резидуи од фармаколошки активни супстанции,
резидуи од пестициди и контаминенти кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло
(1) Мониторингот на присуство на резидуи од фармаколошки активни супстанции,
резидуи од пестициди и контаминенти кај живи животни, производи и суровини од
животинско потекло се врши заради откривање на присуство на резидуи од
фармаколошки активни супстанции, резидуи од пестициди и контаминенти во живи животни, храната за животни и храна од животинско потекло, за заштита на здравјето на луѓето и обезбедување на услови за непречен промет со производите од животинско потекло.
(2) Мониторингот се спроведува во фарми, кланици, млекарници, објекти за
одгледување и преработка на риби, центри за собирање и пакување на јајца и мед, како и кај дивеч од ловишта.
(3) Мониторингот на резидуи од фармаколошки активни супстанции, резидуи од
пестициди и контаминенти се спроведува согласно Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции (*).
(4) Средствата за надоместување на трошоците за земање мостри и лабораториските испитувања од став (3) на овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2024 година.
(5) Покрај мониторингот на резидуи од фармаколошки активни супстанции, резидуи од пестициди и контаминенти од став (3) на овој член, операторите со храна треба да обезбедат контрола на резидуи од фармаколошки активни супстанции, резидуи од пестициди и контаминенти врз основа на сопствен план, по спроведена сопствена анализа на ризик, специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес.
(6) Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските испитувања од став
(5) на овој член се на товар на операторите со храна.