На Собрание на РСМ е објавен Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, по скратена постапка.
Предлагачи – група пратеници.
Цели, начела и основни решенија на предлог законот:
Целта за донесување на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита е обезбедување на обучен кадар за укажување на медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба и овозможување на здравствените работници, односно здравствените соработници кои ќе изразат воља да продолжат да работат и по исполнување на законските услови за одење во пензија, односно по навршување на 64 години, да може да им се продолжи договорот за работа најмногу до 67 години. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка се заснова на истите начела согласно со кои е донесен самиот закон. Предложените измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита ги содржи следниве решенија:
-се воведува стандардизиран и унифициран пристап за организирање и спроведување на обука на медицински и на немедицински кадар за укажување на медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба;
- организирано вршење на обуките од страна на МСЦ како единствена овластена институција согласно претходно донесена програма;
- овозможување на здравствените работници, односно здравствените соработници да продолжат да работат и по исполнување на законските услови за одење во пензија, односно по навршување на 64 години, со продолжување на договорот за работа најмногу до 67 години.