Цели, начела и основни решенија на предлог на законот:
Целта на конкретното законско решение е подобрување, односно зголемување на ефикасноста на веќе постојниот Закон за рестриктивни мерки од 2017 година. Решенијата од овој предлог на закон се меѓусебно поврзани. Со овој предлог на закон се врши прецизирање на процедурите за воведување, спроведување и престанок на важење на рестриктивните мерки во Република Северна Македонија, како придонес кон активностите за поефикасно остварување на стратешките надворешно - политички приоритети и интереси на Република Северна Македонија.