„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за основање на технолошко индустриска развојна зона Скопје 3

05.02.2024

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08,82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на РепубликаСеверна Македонија“ бр. 98/19), член 12 став (4) и член 23 ставови (2), (3) и (4) од Законотза технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија" бр. 14/07, 103/08, 130/08, 139/09, 156/10, 127/12, 41/14, 160/14, 72/15, 129/15, 173/15,192/15, 217/15, 30/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.13/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 30 јануари 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКА РАЗВОЈНА ЗОНА
„СКОПЈЕ 3"
 
Член 1
Се основа Технолошко индустрискa развојна зона „Скопје 3“.
Член 2
Основач на зоната од член 1 од оваа oдлука е Владата на Република Северна Македонија.
Член 3
Називот на Технолошко индустриската развојна зона е: Технолошко индустриска развојна зона „Скопје 3".
Скратениот назив на зоната гласи: ТИРЗ „Скопје 3".
Член 4
Технолошко индустриската развојна зона „Скопје 3" e дефинирана со Државна урбанистичка планска документација согласно член 95 став (2) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 32/20 и 111/23), а градбите се од прва категорија согласно член 57 став (1) oд Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23).
Технолошко индустриската развојна зона „Скопје 3", се основа на земјиште сопственост на Република Северна Македонија со вкупна површина од 43,84 ха и периметар од 3.716,0202м, која претставува:
- КП бр.9/7 со површина од 1874 м2,
- дел од КП бр.10 со површина од 178799 м2,
- КП бр.11 со површина од 68177 м2,
- КП бр.12 со површина од 1121 м2,
- КП бр.13/1 со површина од 36672 м2,
- дел од КП бр.104/1 со површина од 8092 м2,
- КП бр.679/2 со површина од 25 м2,
- дел од КП бр.694/5 со површина од 4028 м2
КП бр.699 со површина од 2322 м2,
- КП бр.700/1 со површина од 1089 м2,
- КП бр.700/3 со површина од 25 м2, запишани во Имотен лист бр.835 за КО Бунарџик и
- КП бр.1145/4 со површина од 134733 м2,
- КП бр.1174/2 со површина од 272 м2 и
- КП бр.1175/2 со површина од 1192 м2, запишани во Имотен лист бр.615 за КО Ајватовци, согласно Геодетскиот елаборат за геодетски работи за посебни намени – нумерички податоци за реализација на урбанистички план и урбанистичко-планска документација за КО Бунарџик и КО Ајватовци бр. 08-283/3-2023 од 5.6.2023 година.
Член 5
Технолошко индустриската развојна зона „Скопје 3" се основа за вршење на дејностите согласно член 35 од Законот за технолошки индустриски развојни зони.
Член 6
Технолошко индустриската развојна зона „Скопје 3" се основа на определено време од 99 години.
Член 7
Работите во врска со основањето, управувањето и развојот на Зоната во име на Владата на Република Северна Македонија ги врши Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Член 8
Заради вршење на работите во врска со управувањето и развојот на Зоната, согласно Законот за технолошки индустриски развојни зони, со земјиштето опишано во член 4 од оваа одлука управува Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Земјиштето од став 1 на овој член, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони може да го дава под закуп согласно Законот за технолошки индустриски развојни зони.
Член 9
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-1251/5                 Претседател на Владата
30 јануари 2024 година на Република Северна
                                                    Македонија,
Скопје              м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р