„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за здравствена заштита, по скратена постапка

06.02.2024

Цели, начела и основни решенија: Целта за донесување на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита е обезбедување на обучен кадар за укажување на медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба и овозможување на здравствените работници, односно здравствените соработници кои ќе изразат воља да продолжат да работат и по исполнување на законските услови за одење во пензија, односно по навршување на 64 години, да може да им се продолжи договорот за работа најмногу до 67 години согласно одредбите од Законот за работни односи. Со предложените измени и дополнувања ќе се овозможат во работодавниот орган во условите за именувањето на директор да се додат и организационите науки. Исто така се допрецизираат условите за непречено вршење на здравствената дејност во мрежата на здравствените установи, усогласување, прецизно дефинирање на постапката со цел по брзо и ефикасно работење на установите. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка се заснова на истите начела согласно со кои е донесен самиот закон. Предложените измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита ги содржи следниве решенија: - се воведува стандардизиран и унифициран пристап за организирање и спроведување на обука на медицински и на немедицински кадар за укажување на медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба; - организирано вршење на обуките од страна на МСЦ како единствена овластена институција согласно претходно донесена програма; - овозможување на здравствените работници, односно здравствените соработници кои ќе изразат воља да продолжат да работат и по исполнување на законските услови за одење во пензија, односно по навршување на 64 години, да може да им се продолжи договорот за работа најмногу до 67 години согласно одредбите од Законот за работни односи.