„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Програма за обука за стручно усовршување на стручните соработници за 2024 година

29.01.2024

Врз основа на член 52 став (2) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19), министерот за образование и наука донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ОБУКИ ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЗА 2024 ГОДИНА
 
Член 1
Со оваа програма се пропишуваат обуките за стручно усовршување на стручните соработници во основните и средните училишта за 2024 година.
Член 2
Обуките за стручно усовршување на стручните соработници во основните и средните училишта за 2024 година, се од следните подрачја, потподрачја и теми за обука:
I. ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
1. ПОДРАЧЈЕ: Работа со учениците
Потподрачје: Професионална и кариерна ориентација на учениците
Тема:
- Професионална ориентација на учениците: зајакнување на учениците преку самоспознавање и советување за кариерен развој.
2. ПОДРАЧЈЕ: Работа со наставниците
Потподрачје: Поддршка на наставниците во работата со учениците
Тема:
- Развој на социјални вештини и самодоверба кај учениците, справување со проблематично однесување и создавање на позитивна социо-емоционална клима на час.
3. ПОДРАЧЈЕ: Работа со родителите
Потподрачје: Вклучување на родителите во животот и работата на училиштето
Тема:
- Соработка помеѓу семејството и училиштето во спречување на врсничко насилство, кибернасилство и сл.
4. ПОДРАЧЈЕ: Соработка со заедницата
Потподрачје: Соработка со стручни институции и организации
Тема:
- Инклузивно образование во пракса.
II. ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА
1. ПОДРАЧЈЕ: Работа со учениците
Потподрачје:Поддршка на учениците во учењето
Тема:
- Стратегии за учење, методи и техники кои придонесуваат за надминување на тешкотиите во читањето, пишувањето и математиката.
Потподрачје: Следење и поддршка на развојот на учениците
Тема:
- Различни пристапи за работа со ученици со проблематично однесување.
Потподрачје: Професионална и кариерна ориентација на учениците
Тема:
- Професионална ориентација на учениците: зајакнување на учениците преку самоспознавање и советување за кариерен развој.
Член 3
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 12-547/4              Министер за образование
24 јануари 2024 година       и наука,
Скопје                       Доц. Д-р. Jeton Shaqiri, с.р.