Врз основа на член 30 став (1) алинеја 2 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 јануари 2024 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ
ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈАТА НА МАЛО
Член 1
Во Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/23, 237/23 и 282/23) во членот 5 зборовите ,,31 јануари 2024 година” се заменуваат со зборовите „29 февруари 2024 година“.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-1274/3 Прв заменик на претседателот
22 јануари 2024 година на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
д-р Artan Grubi, с.р.