„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог закон за електронските комуникации

20.01.2024

Цел на предлог регулативата: Со донесувањето на новиот Закон за електронски комуникации ќе се овозможи исполнување на следните цели:
- поттикнување на развојот на јавните електронски комуникациски мрежи и услуги во Република Северна Македонија, со цел да се обезбеди економски и социјален развој;
- унапредување на развојот и поттикнување на инвестиции во јавните електронски комуникациски мрежи со воведување на нови технологии и услуги, а особено на мрежи со многу висок капацитет;
- заштита на правата на корисниците, вклучувајќи ги крајните корисници со инвалидитет и крајните корисници со посебни социјални потреби;
- обезбедување на ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации;
- интероперабилност на електронски комуникациски услуги;
- обезбедување на универзална услуга;
- ефикасно користење на радиофреквенцискиот спектар и нумерацијата;
- обезбедување на безбедност на мрежи и услуги