„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА МЕТРОЛОГИЈА

27.07.2022

 Основните цели на Предлог – законот за метрологија се:

  • да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и на животната средина при дефинирање и спроведување на политиките и активностите во областа на метрологијата и
  • да се постигне високо ниво на заштита на потрошувачите преку мерките кои се донесени во врска со надзорот над прометот и употребата на мерилата во пазарот на Република Северна Македонија.
Покрај основните цели, со овој закон треба да се постигнат и следниве цели:
  • се осигури дека мерилата се безбедни, исправни и во согласност со општите барања за метролошки надзор;
  • да се обезбеди заштита на животната средина од ризиците кои би можеле да произлезат од неквалитни нафтени деривати и горива за транспорт;
  • унифицираност на примена на одредени мерила и ознаки на пакувања на производите;
  • следливост на сообразноста на мерилата со општите и поединечните барања за метролошки надзор и
  • да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и на животната средина, преку оценување на ризиците поврзани со пласирање и употреба на мерила, со истовремено подобрување на функционирањето на пазарот  преку хармонизација на правилата за пласирање на пазарот на мерилата.
Со овој предлог на закон не се очекуваат нови материјални обврски за субјектите кои постапуваат со мерилата кои ги ставаат во промет. Mеѓутоа со оглед на тоа дека се воведува нов пристап во постапката за верификација на мерила во делот на подготовка за верификација, како и инсталирањето на мерилата на одредени фискални импликации ќе бидат подложени сите правни субјекти кои се должни да спроведат периодична и вонредна верификација бидејќи во постапката е иновиран нов тип на правен субјект кој за спроведената постапка за подготовка на верификација ќе наплатува надоместок, кој според постојниот закон не е утврден.
Воедно и инсталацијата на мерните уреди е новитет на овој предлог закон која во иднина ќе ја врши овластено правно лице, што значи дека сите оператори на системи за топлотна енергија, електрична енергија, нафтени деривати, гас и други мерни уреди кои се дел од одреден систем, ќе бидат должни за постапките за инсталација на мерни уреди во иднина да сносат трошоци при нивно поставување, замена или дефект.
Предложениот текст на Закон за метрологија е достапен на следниот линк.