„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СОВЕТОДАВЕН СИСТЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ

27.07.2022

 Предлог - законот за воспоставување на советодавен систем за земјоделство и рурален развој ги уредува условите за воспоставување на Советодавниот систем за земјоделство и рурален развој, обезбедувањето советодавни услуги, условите за сертификација на советници, овластување, регистрација и лиценцирање на давателите на советодавни услуги, водење регистер на даватели на советодавни услуги и на советници, како и други важни прашања за организацијата и спроведувањето на советодавниот систем за земјоделство и рурален развој.

    
Советодавниот систем се воспоставува со цел да се подигнат и подобрат нивото на знаење, вештините и капацитетот на земјоделците и другите рурални страни, преку обезбедување совети за правилна примена на законодавството на ЕУ и националното законодавство, добрите земјоделски и еколошки практики и помош во поддршката за подобрување на конкурентноста во земјоделството, оддржливите земјоделски практики, иновациите во развојот на земјоделско-прехранбените пазари,  промовирање на развојот на претприемништвото и руралните бизниси, ублажување и адаптација на климатските промени, аспекти на биодиверзитетот и животната средина, јавното здравје, здравјето и благосостојбата на животните и сите други приоритети и активности утврдени во програмите за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Организацијата, спроведувањето и обезбедувањето советодавни услуги во рамките на Советодавниот систем за земјоделство и рурален развој се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Целосниот текст на Предлог – законот за воспоставување на советодавен систем за земјоделство и рурален развој е достапен на следниот линк.