„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Решение за дополнување на решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во РСМ по потекло од Република Германија

29.12.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА ВИСОКО ПАТОГЕНА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Република Германија (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 6/21, 258/21, 100/22 и 174/22), во членот 1 став (1) по алинејата 1 се додаваат дванаесет нови алинеи 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13 кои гласат:
“ - Клопенбург/Cloppenburg,
- Емсланд/Emsland,
- Гутерслог/Gütersloh,
- Лудвигслуст-Пархим/Ludwigslust-Parchim,
- Мекленбургиш Зинплат/Mecklenburgische Seenplatte,
- Нордфрисланд/Nordfriesland,
- Нордвестмекленбург/Nordwestmecklenburg,
- Олденбург/Oldenburg,
- Остпригниц-Рупин/Ostprignitz-Ruppin,
- Плен/Plön,
- Салзландкреис/Salzlandkreis,
- Витмунд /Wittmund,“.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 02-3563/1
26 декември 2023 година
 Скопје
 
Агенцијата за храна
и ветеринарство,
в.д. Директор
Николче Бабовски, с.р.