„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за формата, содржината и начинот на поднесување на годишниот извештај за стекнување и продажба на хартии од вредност од страна на физички лица и годишниот извештај за остварениот доход од удели во инвестициски фондови

29.12.2023

Врз основа на член 85-a став (3) од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија” бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22), министерот за финансии донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СТЕКНУВАЊЕ И ПРОДАЖБА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ОД СТРАНА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА И ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ОСТВАРЕНИОТ ДОХОД ОД УДЕЛИ ВО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на поднесување на годишниот извештај за стекнување и продажба на хартии од вредност од страна на физички лица и годишниот извештај за остварениот доход од удели во инвестициски фонд.
Член 2
Годишниот извештај за стекнување и продажба на хартии од вредност од страна на физички лица се изготвува на образец „ДЛД-ГИ/ЦД” во А-4 формат, на хартија во бела боја.
Формата и содржината на образецот на извештајот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Годишниот извештај за стекнување и продажба на хартии од вредност од страна на физички лица се поднесува до органот за јавни приходи преку системот „е-Персонален данок“ од страна на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Член 4
Годишниот извештај за остварениот доход од удели во инвестициски фонд се изготвува на образец „ДЛДГИ/ДУИФ” во А-4 формат, на хартија во бела боја.
Формата и содржината на образецот на извештајот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.
Член 5
Годишниот извештај за остварениот доход од удели во инвестициски фонд се поднесува до органот за јавни приходи преку системот „е-Персонален данок“ од страна на друштвата за управување со инвестициски фондови.
Член 6
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 20-8902/1
29 декември 2023 година
 Скопје
Министер за финансии,
д-р. Fatmir Besimi, с.р.