„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според одреден редослед

28.12.2023

Врз основа на член 30 став (1) алинеи 1, 2 и 6 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД
 
Член 1
Во Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.195/23, 202/23, 203/23 и 227/23) во членот 6 зборовите „31 декември 2023 година“ се заменуваат со зборовите „31 јануари 2024 година“.
Член 2
Во Одлуката за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/23) во членот 3 зборовите „31 декември 2023 година“ се заменуваат со зборовите „31 јануари 2024 година“.
Член 3
Во Одлуката за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/23) во членот 2 зборовите „31 декември 2023 година“ се заменуваат со зборовите „31 јануари 2024 година.“
Член 4
Во Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.227/23) во членот 5 зборовите „31 декември 2023 година“ се заменуваат со зборовите „31 јануари 2024 година“.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-13808/3          
26 декември 2023 година
С к о п ј е
  Прв заменик на претседателот
     на Владата на Република
        Северна Македонија,
         д-р Artan Grubi, с.р.