Цели на предлог регулативата:
Целта на предлог законот е воспоставување на ефикасен систем на контрола при извозот и транзитот на стоки и технологии со двојна употреба, и при обезбедувањето на брокерски услуги и техничка помош во врска со стоки и технологии со двојна употреба, поради заштита на одбранбените, безбедносните, економските и надворешно политичките интереси на Република Северна Македонија во зајакнување на меѓународниот мир и безбедност, како и поради исполнување на меѓународните обврски на Република Северна Македонија во оваа област.
Цел на предлог законот е да се уредат, односно доуредат областите на примена на законот, условите, барањата, критериумите и постапката за издавање на дозволите за извоз, посредување и техничка помош на стоки со двојна употреба, видовите на дозволи и сертификати, начинот и постапката за одбивање, одземање, поништување и измена на дозволите за извоз, транзит, давање на техничка помош и посреднички услуги,обврските на лицата кои вршат извоз и транзит на стоки со двојна употреба и обезбедуваат брокерски услуги и техничка помош во врска со стоки со двојна употреба, обврските на надлежните органи и прекршочните одредби за непридржувањето кон одредбите на овој закон.