Врз основа на член 90 став (2) од Законот за водите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 146/15 и 52/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.151/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 декември 2023 година, донесе
У Р Е Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПОВРШИНСКИТЕ ВОДИ (*)
Член 1
Во Уредбата за класификација на површинските води (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.99/16 и 246/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 276/19 и 256/21) во членот 15 зборовите „1 јануари 2024 година“ се заменуваат со зборовите „1 jануари 2026 година“.
Член 2
Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-12215/5
26 декември 2023 година
Скопје
Прв заменик на претседателот
на Владата на Република
Северна Македонија,
д-р Artan Grubi, с.р.