Врз основа на член 57 став (3) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 19 декември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
НA ЖИВОТНИТЕ ВО 2023 ГОДИНА
I
Во Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/23), во делот I во текстот и табелата износот „267.250.000,00“ се заменува со износот „308.448.000,00“.
II
Во делот II во табелата во точката 1 износот „259.250.000,00“ се заменува со износот
„296.448.000,00“.
Во делот II во табелата во точката 2 износот „4.000.000,00“ се заменува со износот „8.000.000,00“.
III
Во делот III во табелата во точката 11 во потточка 11.1 износот „31.000000.00“ се заменува со износот „140.538.000,00“.
Во точката 12 во потточка 12.1 износот „1.000.000,00“ се заменува со износот „1.660.000,00“
На крајот од табелата во делот Вкупно износот „267.250.000“,00 се заменува со износот „296.448.000,00“.
IV
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-12771/5
19 декември 2023 година
Скопје
Заменик на претседателот
на Владата на Републикa
Северна Македонија,
Фатмир Битиќи, с.р.