„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за енергетика

18.12.2023

Цели на предлог регулативата:
-Исполнување на обврските кои Република Северна Македонија ги има преземено со потпишувањето и ратификувањето на Договорот за основање на Енергетската зааедница преку транспонирање на законодавниот Пакет на Европска Унија за чиста енергија кој е адаптиран од страна на Министерскиот Совет на Енергетската заедница.
-Овозможување и олеснување на интеграција на националниот електроенергетски систем и пазар со оние во регионот.
-Зголемување на безбедноста електроенергетскиот систем преку подобрување на процесот на планирање и координација.
-Воспоставување на сеопфатен систем за оценка на сигурноста во снабдувањето, идентификацијата на кризни сценарија и донесување на планови за подготвеност за справување со ризици и управување со кризни состојби.
-Поголема ефикасност и независност во изборот на претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
-Подобро планирање на изградбата на објекти за производство на електрична енергија и со тоа превенирање на ситуации во кои потенцијалните инвеститори да се изложат на непотребни трошоци, односно да не ја реализираат започнатата инвестиција.
-Зголемување на правата на потрошувачите и промена на нивната улога во активни потрошувачи, меѓу другото и преку можноста да основаат граѓански енергетски заедници.