„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за задолжување на РСМ со заем кај кредитната банка за обнова - КФВ по договор за заем заснован на политики за Северна Македонија

14.12.2023

Се прогласува Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КФВ по Договор за заем заснован на политики за Северна Македонија,што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 12 декември 2023 година.
 
Бр. 08-6447/1       Претседател на Република
12 декември 2023 година   Северна Македонија,
Скопје                             Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕМ КАЈ КРЕДИТНАТА БАНКА ЗА ОБНОВА - КФВ ПО ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ ЗАСНОВАН НА ПОЛИТИКИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
 
Член 1
Република Северна Македонија се задолжува кај Кредитната банка за обнова - КфВ со заем заснован на политики за Северна Македонија во износ од 90.000.000 евра.
Член 2
Условите и начинот на користење на заемот од членот 1 од овој закон се утврдуваат со Договорот за заем, кој ќе се склучи меѓу Република Северна Македонија и Кредитната банка за обнова - КфВ.
Во име на Република Северна Македонија Договорот за заем од ставот 1 на овој член ќе го потпише министерот за финансии.
Член 3
Заемот од членот 1 од овој закон ќе се повлекува во една транша.
Рокот за отплата на заемот од членот 1 од овој закон е 12 години и пет месеци, со вклучен грејс-период од три години.
Каматната стапка ќе се утврдува за траншата од заемот при нејзиното повлекување.
При повлекување на траншата се пресметува пондерирана просечна каматна стапка и истата ќе се применува на повлечениот износ од заемот.
Република Северна Македонија ќе ѝ плати на Кредитната банка за обнова - КфВ еднократна провизија во висина од 0,5% од износот на заемот.
Република Северна Македонија ќе ѝ плаќа на Кредитната банка за обнова - КфВ провизија во висина од 0,25% од неповлечениот дел од заемот.
Провизијата од ставот 6 на овој член ќе се плаќа полугодишно.
Член 4
Средствата од заемот од членот 1 од овој закон ќе се користат за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија.
Член 5
Република Северна Македонија заемот од членот 1 од овој закон ќе го отплаќа од Буџетот на Република Северна Македонија.
Член 6
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.