„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Програма за изменување на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година

09.12.2023

Врз основа на член 32 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22 и 207/23) и член 7 ставови (3) и (4) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 6 декември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
ЗА 2023 ГОДИНА
 
I
Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/23, 73/23, 120/23, 149/23, 164/23, 223/23 и 252/23) во делот XXI во ставот
(2) алинејата 3 се менува и гласи:
„- Скопски вински салон - Винодонија 2023;“.
II
Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр.41-12765/3                Прв заменик на претседателот
6 декември 2023 година        на Владата на Република
Скопје                                            Северна Македонија,
                                                         д-р Artan Grubi, с.р