Врз основа на член 26 став (5) од Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Македонија“ бр.48/10, 23/11, 80/12, 155/12, 163/13, 42/14, 130/14, 152/15, 31/16, 178/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.302/20), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 ноември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА 2023 ГОДИНА
1. Во Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.8/23 и 185/23), во точката 1, износот „260.000.000“, се заменува со износот „320.000.000“.
2. Во точката 2, потточка 1, износот „8.000.000“, се заменува со износот „13.000.000“.
Во потточката 2, износот „91.000.000“, се заменува со износот „111.000.000“.
Во потточката 3, износот „13.000.000“, се заменува со износот „23.000.000“.
Во потточката 4, износот „98.300.000“, се заменува со износот „123.300.000“.
3. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-10840/8 Претседател на Владата
28 ноември 2023 година на Република Северна
Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р