„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за дополнување на Законот за минерални суровини

01.12.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ
 
Се прогласува Законот за дополнување на Законот за минерални суровини, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 27 ноември 2023 година.
 
Бр. 08-6170/1                         Претседател на Република
27 ноември 2023 година         Северна Македонија,
Скопје                                        Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ
 
Член 1
Во Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 99/22 и 129/23), во член 40-а во ставот (1) по зборовите: „алинеи 4“ се става запирка и се додава бројот „5“.
Член 2
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.