„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за канцелариско и архивско работење

30.11.2023

Врз основа на член 7 став 1 од Законот за архивски материјал („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 41/14, 72/15, 148/15, 169/15, 53/16 и 11/18), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 ноември 2023 година, донесе
У Р Е Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
 
Член 1
Во Уредбата за канцелариско и архивско работење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 1/14), по членот 13 се додаваат два нови члена 13-а и 13-б, кои гласат:
„Член 13-а
Електронските документи заверени со електронски потпис не содржат отпечаток од службен печат согласно член 13 став (1) точка 8 од оваа уредба.
Член 13-б
Внатрешните постапки за административно-техничка обработка на електронски документ/запис кај имателот на јавен архивски и документарен материјал се вршат преку информациски системи до кои се пристапува со користење на информатичко-комуникациски технологии врз основа на логички поврзани процеси.“
Член 2
Членот 36 се менува и гласи:
„Имателот својот електронски деловодник го отпечатува на хартија или го зачувува како електронски документ на крајот на тековната година.“
Член 3
Оваа уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41--9080/4                                      Претседател на Владата
28 ноември 2023 година           на Република Северна Македонија,
Скопје                                                    д-р Димитар Ковачевски, с.р.