„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за одобрување на правила за дополнување на правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загуби во електордистибутивната мрежа

29.11.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 2) алинеја 4, а во врска со член 93 став (8) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија на седницата одржана на 27 ноември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРАВИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИ ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА
 
1. Со оваа одлука се одобруваат Правилата за дополнување на Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загуби во електродистрибутивната мрежа на операторот на електродистрибутивниот систем Друштво за дистрибуција на електрична енергија Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје.
2. Се задолжува Друштвото за дистрибуција на електрична енергија Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, Правилата за дополнување на Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загуби во електродистрибутивната мрежа да ги објави на неговата веб страна.
3. Оваа одлука се доставува до Друштвото за дистрибуција на електрична енергија Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје.
4. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.
Бр. 12-2491/2
                                                  Регулаторна комисија за енергетика,
                                                    водни услуги и услуги за управување
                                                      со комунален отпад на Република
                                                              Северна Македонија
27 ноември 2023 година                     Претседател,
Скопје                                              Марко Бислимоски, с.р.