Врз основа на член 69 став (13) од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16, 39/16 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.274/22), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИДОТ И НАЧИНОТ НА ЖИГОСУВАЊЕ, ВИДОТ НА ШУМСКИОТ ЖИГ ЗА ЖИГОСУВАЊЕ ЗА ИСЕЧЕНО ДРВО И ДРВНИ СОРТИМЕНТИ, НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА, ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ИСЕЧЕНО ДРВО, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА ИЗДАДЕНИ И ЗАВЕРЕНИ ИСПРАТНИЦИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИСПРАТНИЦИТЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАДЕНИ ИСПРАТНИЦИ
Член 1
Во Правилникот за видот и начинот на жигосување, видот на шумскиот жиг за жигосување за исечено дрво и дрвни сортименти, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечено дрво, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот за издадени испратници („Службен весник на Република Македонија“ бр.183/14, 141/15, 126/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.117/19, 220/21, 224/22 и 108/23) во членот 14 износот „82,00“ се заменува со износот „77,00“.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 47-9172/4 Министер за земјоделство,
21 ноември 2023 година шумарство и водостопанство,
Скопје Љупчо Николовски, с.р.