Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 7 ноември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ
ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈАТА НА МАЛО
Член 1
Во Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/23), членот 1 се менува и гласи:
„Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи:
1) светло пиво во пакување од 1,5 l во шише;
2) газирани пијалоци (сокови) во пакување над 1 l во шише;
3) негазирани пијалоци (сокови) во тетрапак пакување и
4) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.“
Член 2
Во членот 5 зборовите „30 ноември 2023 година“ се заменуваат со зборовите „31 декември 2023 година“.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-11606/3 Претседател на Владата
7 ноември 2023 година на Република Северна
Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р.