Врз основа на член 4-а став 6 од Законот за градење (“Службен весник на Република Македонија”
бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18 и 168/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/20 и 111/23), а согласно член 15 од Статутот на Приватен научен ИНСТИТУТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Скопје (во натамошниот текст „Институтот“), Управниот одбор на Институтот на ден 22.08.2023 година го донесе следниот
Ц Е Н О В Н И К
ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА МИСЛЕЊАТА ЗА ПРОЕКТИРАНИОТ И ИЗВЕДЕНИОТ
СТЕПЕН НА МЕХАНИЧКА ОТПОРНОСТ, СТАБИЛНОСТ И СЕИЗМИЧКА ЗАШТИТА НА ГРАДБИТЕ
Висината на надоместокот за мислењата за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштитa на градбите се пресметува на различен начин за објектите од високоградба, инженериските и останатите објекти, па така, начинот на пресметување на надоместокот се дефинира поединечно за сите типови на објекти.