„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за изменување и дополнување на правилникот за премер на недвижности

06.11.2023

Врз основа на член 74 од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/13, 41/14, 115/14, 116/15, 153/15, 192/15, 61/16, 172/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19), Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе
П РАВ И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПРЕМЕР НА НЕДВИЖНОСТИ
 
Член 1
Во Правилникот за премер на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ број 121/13, 169/13, 95/15, 128/15, 157/16, 176/16, 195/16, 135/17, 41/18, 48/19, 183/19, и Службен весник на Република Северна Македонија“ број 265/20, 69/21, 83/21, 252/21, 142/22 и 52/23 ), во членот 23 во ставот (1) во делот А Домување, во алинејата 6-други објекти, во шифрата „А5-2 – гаражно место“, зборот „гаражно“ се заменува со зборот „паркинг“.
Член 2
Ставот (1) во ознаката „ГМЗП-гаражно место во затворен простор“ зборот „гаражно“ се заменува со зборот „паркинг“, а ознаката „ГМ- гаражно место (на отворен простор)“ се менува и гласи „ГМ – паркинг место,“.
Член 3
Во членот 25 во ставот (1) во ознаката „КПГ- комуникациски гаражен простор“ зборот „гаражен“ се заменува со зборот „паркинг“.“
Член 4
Во насловот пред членот 28 и во членот 28 зборовите: „гаражен“, „гаражни“, „гаражно“ и „гаражните“ се заменуваат со зборот „паркинг“.
Член 5
Во членот 36 во ставот (9) по зборовите „отворена површина“ се додава коса црта и зборот „/должина“.
Член 6
Овој правилник влегува во сила петнаесеттиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 0101-15100/1                        Управен одбор
1 ноември 2023 година             Претседател,
Скопје                                     Роберт Бешовски, с.р.