„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Решение за зголемено ниво на официјални контроли на храна на животни и храна од неживотинско потекло при увоз во РСМ

31.10.2023

Врз основа на член 20 став (1) алинеја 12, а во врска со член 38 став (1) точка 2) алинеја 2 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 209/23), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ И ХРАНА
ОД НЕЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ПРИ УВОЗ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (*)
 
Член 1
Со ова решение се пропишува зголемено ниво на официјални контроли на храна за животни и храна од неживотинско потекло при увоз во Република Северна Македонија заради заштита на здравјето на луѓето, здравствената заштита на животните и заштита на животната средина.
Член 2
Пратките со храна за животни и храна од неживотинско потекло кои подлежат на зголемено ниво на официјални контроли во однос на проверката на идентитетот и физичкиот преглед на инспекциско место на граничен премин за влез на пратката, се дадени во Прилозите 1 и 2 кои се составен дел на ова решение.
Член 3
Ова решение престанува да важи со денот на пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Член 4
Со денот на влегувањето во сила на ова решение престанува да важи Решението за зголемено ниво на официјални контроли на храна за животни и храна од неживотинско потекло при увоз во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 114/16, 161/16, 9/17, 122/17, 21/18, 147/18 и 225/18).
Член 5
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-2472/3 Агенција за храна и ветеринарство
24 октомври 2023 година   в.д. директор,
Скопје                          Николче Бабовски, с.р
_______________________
(* ) Со ова решение се врши усогласување со: Регулативата за спроведување на Комисијата (ЕУ) 2019/1793 од 22 октомври 2019 година за привремено зголемување на официјалните контроли и итни мерки со кои се регулира влезот во Унијата на одредени стоки од одредени трети земји за спроведување на Регулативите (ЕУ) 2017/625 и (ЕЗ) бр. 178 /2002 на Европскиот парламент и на Советот и укинување на Регулативите на Комисијата (ЕЗ) бр. 669/2009, (ЕУ) бр. 884/2014, (ЕУ) 2015/175, (ЕУ) 2017/186 и (ЕУ) 2018/1660 (CELEX бр. 32019R1793), Регулативата за спроведување (ЕУ) 2021/608 на Комисијата од 14 април 2021 година за изменување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2019/1793 за привремено зголемување на официјалните контроли и итни мерки со кои се регулира влезот во Унијата на одредени стоки од одредени трети земји за спроведување на регулативите (ЕУ) 2017/625 и (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот парламент и на Советот (CELEX бр. 32021R0608), Регулативата за спроведување (ЕУ) 2021/1900 на Комисијата од 27 октомври 2021 година за изменување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2019/1793 за привремено зголемување на официјалните контроли и итни мерки со кои се регулира влезот во Унијата на одредени стоки од одредени трети земји за спроведување на Регулативите (ЕУ) 2017/625 и (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот парламент и на Советот (CELEX бр. 32021R1900), Регулативата за спроведување (ЕУ) 2021/2246 на Комисијата од 15 декември 2021 година за изменување и дополнување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2019/1793 за привремено зголемување на официјалните контроли и итни мерки со кои се регулира влезот во Унијата на одредени стоки од одредени трети земји за спроведување на Регулативите (ЕУ) 2017/625 и (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот парламент и на Советот (CELEX бр. 32021R2246), Регулативата за спроведување (ЕУ) 2022/913 на Комисијата од 30 мај 2022 година за изменување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2019/1793 за привремено зголемување на официјалните контроли и итни мерки кои го регулираат влезот во Унијата на одредени стоки од одредени трети земји за спроведување на регулативите (ЕУ) 2017/625 и (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот парламент и на Советот (CELEX бр. 32022R0913), Регулативата за спроведување (ЕУ) 2023/174 на Комисијата од 26 јануари 2023 година за изменување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2019/1793 за привремено зголемување на официјалните контроли и итни мерки со кои се регулира влезот во Унијата на одредени стоки од одредени трети земји за спроведување на регулативите (ЕУ) 2017/625 и (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот парламент и на Советот (CELEX бр. 32023R0174) и Регулативата за спроведување (ЕУ) 2023/1110 на Комисијата од 6 јуни 2023 година за изменување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2019/1793 за привремено зголемување на официјалните контроли и итни мерки со кои се регулира влезот во Унијата на одредени стоки од одредени трети земји за спроведување на регулативите (ЕУ) 2017/625 и (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот парламент и на Советот (CELEX бр. 32023R1110).