„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права

24.10.2023

ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на предложениот закон е пропишување на нормативна основа за воспоставување на ефикасен модел за функционирање на системот на колективното управување со авторското право и сродните права усогласен со Директивата 2014/26/EC година за колективно управување со авторското право и сродните права и мулти-територијално лиценцирање на музички дела за користење преку интернет, во делот на колективното управување, со Директивата 2011/77/ЕУ за изменување на Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права, во однос на заштитата на коавторите на музички дела со текст, како и на времетраењето на заштитата на изведувачите и фонограмските продуценти на снимени музички изведби, односно фонограми од 50 на 70 години со Директивата 2012/28/ЕУ за дозволено користење на делата сираци, со Регулативата (ЕУ) бр. 910/2014 на Eвропскиот парламент и на Советот од 23 јули 2014 година за електронска идентификација и доверливи услуги за електронски трансакции на внатрешниот пазар и за укинување на Директивата 1999/93/ЕЗ (eIDAS) (CELEX бр. 32014R0910), како и усогласување со Договорот од Маракеш за олеснување на пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин оневозможени да користат печатени материјали. Воедно, целта на предлогот на Законот е и негово усогласување во делот на прекршочните одредби со одредбите на Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19), а заради обезбедување на конзистентност во правниот систем. Законот се заснова на истите начела на кои се заснова Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/10, 140/10, 51/11, 147/13, 154/15 и 27/16).