„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за усвојување на упатството за вршење на проценка на ризик од перење пари и финансирање тероризам за субјектите под надзор на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

15.10.2023

КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 180-а и член 184 точка б од Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2005, 25/2007, 07/2008, 57/2010, 135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и 83/2018 и „Службен вес- ник на Република Северна Македонија“ бр. 31/2020 и 288/2021) и член 11 став 7 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/2022), Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на својата седница одржана на ден 9.10.2023 година, донесе
ОДЛУКA
ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА УПАТСТВОТО ЗА ВРШЕЊЕ НА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ ЗА СУБЈЕКТИТЕ ПОД НАДЗОР НА КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
 
  1. Се усвојува Упатството за вршење на проценка на ризик од перење пари и финансирање тероризам за субјектите под надзор на Комисијата за хартии од вредност број 08-524/1 од 9.10.2023 година.
  2. Субјектите од точка 1 на оваа Одлука се: брокерски куќи, банки co дозвола за работа co хартии од вред- ност, друштва за инвестиционо советување, лицата кои се лиценцирани инвестициски советници, друштва за управување co отворени, затворени и приватни инвестициски фондови и отворените, затворените и приватните инвестициски фондови.
  3. Субјектите од точка 2 на оваа Одлука се должни да го применуваат Упатството од точка 1 од денот на влегување во сила.
  4. Непостапувањето од страна на субјектите од точка 2 на оваа Одлука по обврските од Упатството од   точка 1 од оваа  Одлука  претставува  основ  за  утврдување на неправилност во работењето на истите согласно релевантните законски и подзаконски акти.
        5. Оваа Одлука влегува во сила co денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен весник на Република Северна     Македонија“.
Број 08-524/2
9 октомври 2023 година Скопје
 
Комисија за хартии од вредност
на Република Северна Македонија
Претседател,
м-р Нора Алити, с.р.