„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

21.02.2022

 Според Известувањето на Министерството за правда, потребата од донесување на нов Закон за вештачење е зголемување на ефикасноста и воспоставување на функционален систем за вештачење.

Со овој закон се уредува вршењето на вештачење, областите, условите и начинот на вршењето на вештачењето, субјектите кои вршат вештачење, условите и постапката за полагање на стручен испит за издавање, престанок или за одземање на лиценца за вештачење за вршење на вештачење од соодветна област, награда и надоместок на трошоците за извршеното вештачење, основањето, надлежноста, организацијата и работењето на Комората за вештаци, како и други прашања од значење за судските вештачења и супервештачења.
Предложените измени се однесуваат на одредбите поврзани со вршењето на вештачење, односно кои субјекти може да вршат вештачење, полагање на испитите за вештаци, лица кои може да се стекнат со лиценца без полагање на испит, престанокот со работа на Бирото за судски вештачење и други.
Предложениот текст на закон е достапен на следниот линк.