„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.209 од 05.10.2023 г.Закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите

07.10.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ (*)
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 3 октомври 2023 година.
 
Бр. 08-4880/1                             Претседател на Република
3 октомври 2023 година                Северна Македонија,
Скопје                                               Стево Пендаровски, с.р.
 
                         Претседател
               на Собранието на Република
                   Северна Македонија,
                    м-р Talat Xhaferi, с.р.
ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ (*)
 
Член 1
Во Закон за акцизите (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 108/19, 143/19, 225/19, 275/19, 77/21 и 57/22), во член 5 точката 11) се брише.
Точките 12), 13), 14), 15), 16), 17), 18) и 19) стануваат точки 11), 12), 13), 14), 15), 16), 17) и 18).
Член 2
Во член 18 ставот (3) се брише.
_____________________________________________________________________________________
Со овој закон се врши усогласување со Директивата на Советот 92/83/ЕЕЗ од 19 октомври 1992 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци (CELEX бр. 31992L0083), Директивата на Советот (ЕУ) 2020/1151 од 29 јули 2020 година за изменување и дополнување на Директивата 92/83/ЕЕЗ за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци (CELEX бр. 32020L1151), Директивата на Советот (ЕУ) 2020/262 од 19 декември 2019 година за утврдување на општите аранжмани за акциза (CELEX бр. 32020L0262) и Директивата на Советот 2011/64/ЕУ од 21 јуни 2011 година за структурата и износот на акциза за тутунски производи (CELEX бр. 32011L0064).