„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.209 од 05.10.2023 г. Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната

06.10.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА (*)
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 3 октомври 2023 година.
Бр. 08-4875/1                                          Претседател на Република
3 октомври 2023 година                           Северна Македонија,
Скопје                                                             Стево Пендаровски, с.р.
                                         Претседател
                           на Собранието на Република
                                    Северна Македонија,
                                    м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА (*)
 
Член 1
Во Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија” број 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18), во членот 1 зборовите: „безбедност на храна и храна за животни“ се заменуваат со зборовите: „интегрираниот систем за безбедност на храната“.
Член 2
Во членот 3-а по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:

„(3) Во водење на прекршочна постапка ќе се применува Законот за прекршоците доколку со овој закон поинаку не е уредено.“.