„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.203 од 28.09.2023 г. Одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки

29.09.2023

Врз основа на член 19 став (7) од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16, 144/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 септември 2023 година, донeсе
О Д Л У К А
ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УВОЗНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА
УВОЗ НА СВЕЖИ ДОМАТИ, КРАСТАВИЦИ И ПИПЕРКИ
 
Член 1
 Со оваа одлука се пропишува мерка за намалување на увозните давачки -царинските стапки и посебните давачки при увоз на свежи домати, краставици и пиперки и тоа:
Тарифна ознака
Наименувание
Царинска стапка (во %)
0702 00
 
0702 00 00 11
 
0702 00 00 19
Домат, свеж или разладен:
 
- Од 15 март до 31 декември
 
-Од 1 јануари до 14 март
 
 
10
 
10
0707 00
 
 
 
0707 00 05 10
 
 
0707 00 05 90
Краставици и корнишони, свежи или разладени:
 
- Краставици:
-- Од 15 февруари до 31 октомври
 
-- Од 1 ноември до 14 февруари
 
 
 
 
10
 
 
10
0709
 
0709 60
 
0709 60 10 00
 
 
 
0709 60 99 10
 
0709 60 99 90
Друг зеленчук, свеж или разладен:
- Пиперки од родот Capsicum или од родот Pimenta:
-- Слатки пиперки
-- Друго:
 
-- Друго:
---- Од 15 мај до 14 ноември
 
---- Од 15 ноември до 14 мај
 
 
 
 
10
 
 
 
10
 
10
Член 2
Стоките од членот 1 од оваа одлука ќе се увезуваат од 1 декември 2023 година до 28 февруари 2024 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-9945/4                                    Прв заменик на претседателот  
28 септември 2023 година  на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                 д-р Artan Grubi, с.р.