„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.203 од 28.09.2023 г, Одлука за укинување на увозните давачки за увоз на агруми, свежи или сушени

28.09.2023

Врз основа на член 19 став (7) од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16, 144/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 септември 2023 година, донeсе
О Д Л У К А
ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА УВОЗ НА АГРУМИ, СВЕЖИ ИЛИ СУШЕНИ
 
Член 1
 Со оваа одлука се пропишува мерка за укинување на увозните давачки - царинските стапки и посебните давачки при увоз на агруми, свежи или сушени и тоа:
Број на квота
Тарифна ознака
Наименувание
Количина (во kg)
097303
0805
 
0805 10
 
 
 
 
 
 
 
 
0805 21
 
 
 
0805 22 00 00
 
0805 29 00 00
 
0805 40 00 00
 
0805 50
Агруми, свежи или сушени:
- Портокали:
 
- Мандарини (вклучувајќи тангерини и сатсуми); клементина, вилкинг и слични хибриди на агруми:
 
-- Мандарини (вклучувајќи тангерини и сатсуми):
 
-- Клементини
 
-- Друго
 
- Грејпфрут и помело
 
- Лимони (Citrus limon, Citrus limonum) и лимета (Citrus aurantifolia, Citrus latifolia):
2.000.000
 
 
 
 Член 2
 Количината на стоките наведена во членот 1 од оваа одлука ќе се распределува на регистрираните увозници на овошје по принципот „прв дојден прв услужен“.
Член 3
Стоките од членот 1 од оваа одлука ќе се увезуваат, заклучно со 31 декември 2023 година.
Член 4
 Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 Бр. 41-9817/4                                    Прв заменик на претседателот
28 септември 2023 година                     на Владата на Република
Скопје                                                              Северна Македонија,

                                                                            д-р Artan Grubi, с.р.