„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.203 од 28.09.2023 г. Одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук

28.09.2023

Врз основа на член 19 став (7) од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16 и 144/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 септември 2023 година, донeсе
О Д Л У К А
ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УВОЗНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА УВОЗ НА СВЕЖ ЗЕЛЕНЧУК
 
Член 1
Со оваа одлука се пропишува мерка за намалување на увозните давачки - царинските стапки и посебните давачки при увоз на свеж зеленчук и тоа:
Тарифна ознака
Наименувание
Царинска стапка
(во %)
0703
 
0703 10
 
 
0703 10 19 90
 
0703 90
 
0703 90 00 90
Кромид, алма, лук, праз и други лукови, свежи или разладени:
-Кромид и алма:
--Кромид:
---Друго:
----Од 01 октомври до 31 март
 
-Праз и други лукови
 
--Друго
 
 
 
 
 
10
 
 
 
10
 
0704 10
 
0704 10 10 00
 
-Карфиол  брокола:
 
--Карфиол и главичеста брокола (headed broroccoli)
 
 
10
0705
 
 
 
 
0705 11 00 00
 
0705 19 00 00
Салата (Lactuca sativa) и цикорија (Cichorium spp.), свежи или разладени :
 
-Салати:
 
--Главичеста салата
 
--Друга
 
 
 
 
 
 
 
10
 
10
0706
 
 
 
0706 10 00 00
Моркови, бросква или репка угарица(бела репка), цвекло, целер, коренаш, рдокви и сличен коренест зеленчук за јадење,свеж или разладен:
 
-Моркови, бросква или репка угарица (бела репка)
 
 
 
 
10
0709
 
0709 30 00 00
 
0709 93
 
0709 93 10 00
0709 99 10 00
Друг зеленчук, свеж или разладен:
 
-Модар патлиџан
 
--Тикви, тиквички и украсни тиквички (Cucurbita spp.):
 
---Тиквички:
-Зеленчук за салата, освен зелена салата(Lactuca sativa) и сладок корен (Cichorium
 
 
 
 
 
10
 
 
 
10
 
10
 
Член 2
Стоките од членот 1 од оваа одлука ќе се увезуваат заклучно со 28 февруари 2024 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-9816/7                                      Прв заменик на претседателот
28 септември 2023 година                на Владата на Република
Скопје                                                         Северна Македонија,
                                                                      д-р Artan Grubi, с.р.