Врз основа на член 30 став 1 алинеи 1, 2 и 6 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД
Член 1
Во Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.195/23), во членот 1 во точката 21) точката и запирката на крајот од реченицата се заменуваат со сврзникот „и“.
Во точката 22) точката и запирката на крајот од реченицата се заменуваат со точка.
Точките 23) и 24) се бришат.
Член 2
Членот 2 се менува и гласи:
„Највисоките цени на производите/стоките од членот 1 точки 2), 3), 4), 5), 6), 7), 8), 9), 10), 11), 12), 13),14), 15), 16), 17), 18), 19), 20) и 21) од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.
Највисоките цени на производите/стоките од членот 1 точки 1) и 22) од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 септември 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.“.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
Бр. 41-9818/3 Претседател на Владата
26 септември 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р.