„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.197 од 21.09.2023 г. Автентично толкување на членот 9 став (1) точка 7-а од Законот за данокот на добивка

21.09.2023

Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 19 септември 2023 година даде
АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 9 СТАВ (1) ТОЧКА 7-А) ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 И 248/18 И „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 232/19, 275/19, 290/20 И 151/21)
Членот 9 од Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“ број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 232/19, 275/19, 290/20 и 151/21), гласи:
„(1) Како непризнаени расходи за даночни цели се сметаат:
 1) расходите кои не се поврзани со вршење на дејност на субјектот, односно не се непосреден услов за извршување на таа дејност и не се последица од вршењето на таа дејност;
2) надоместоците на трошоци и други лични примања од работен однос, освен утврдените со оваа точка во износи кои не го надминуваат:
 - најнискиот износ на дневници за службени патувања, теренски додаток или одвоен живот утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија и прописите за органите на државната управа, при што исплатите по оваа основа меѓусебно се исклучуваат,
- износот на помош во случај на смрт на вработениот и на член на неговото семејство утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија и прописите за органите на државната управа,
- најнискиот износ на помош за претрпени штети од елементарни непогоди утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија,
 - најнискиот износ на отпремнина која се дава при заминување во пензија утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија и прописите за органите на државната управа,
- износот на еднократен надоместок - испратнина заради трајно работно ангажирање на работниците при откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени) утврден со закон,
 - износот на регрес за годишен одмор во висина од 80% од просечната месечна бруто- плата по работник во Република Македонија, објавена до денот на исплатата.
- износот на јубилејни награди за најмалку десет години работа кај ист работодавач во висина на просечна месечна плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци објавена од Државниот завод за статистика,
 - износот на надоместоци на трошоци за користење сопствено возило на вработениот за потребите на работодавачот во висина од 30% од исплатениот износ, но најмногу до 60.000 денари на годишно ниво,
- износот на надоместокот заради непрекинато боледување подолго од шест месеци предизвикано со повреда на работа или професионално заболување во висина на просечната месечна плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци и објавена од Државниот завод за статистика и
- износот на надоместокот при селидба на вработените за потребите на работодавачот во висина на стварните трошоци направени за превоз на покуќнината и на семејството;
3) трошоците за организирана исхрана и превоз во јавниот сообраќај на вработените над износите утврдени со закон;
3-a) надоместоци на трошоци за хотелско сместување (категорија повисока од четири ѕвездички) во износ над 6.000 денари дневно по лице и надоместоци на трошоци за превоз на лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани во функција на дејноста на исплатувачот (во земјата и во странство), доколку истите не се документирани;
 3-б) надоместокот на трошоци за исхрана на вработените кои работат ноќно време, над износите утврдени со Законот за работните односи;
4) трошоците по основа на месечните надоместоци на членовите на органите на управување над 50% од просечната месечна бруто-плата исплатена во претходната година во Република Македонија, при што како надоместоци на членови на органите на управување се сметаат месечниот надоместок, односно паушал, надоместоците за патни и дневни трошоци;
 5) трошоците по основа на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд над износот од две просечни месечни бруто-плати исплатени во претходната година во Република Македонија, на годишно ниво по вработен;
5-а) трошоци по основа на уплатени премии за осигурување на живот над износот од две просечни месечни бруто-плати исплатени во претходната година во Република Македонија, на годишно ниво по вработен;
5-б) трошоци по основа на уплатени премии за доброволно здравствено осигурување над износот од една просечна месечна бруто-плата исплатена во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен;
6) надоместоците за лицата волонтери според членот 10 став (2) од Законот за волонтерство и за лицата ангажирани за вршење јавни работи согласно со членот 85 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност исплатени над износите утврдени со закон;
7) скриените исплати на добивки како што се: давање одредени производи и услуги на содружниците или акционерите или на нив поврзани лица по цена пониска од пазарнатавклучувајќи ја и пониската камата на одобрените заеми; плаќање за добиените производи и услуги од содружниците или акционерите или на нив поврзани лица по цени повисоки од пазарните и овозможување стекнување добивки на содружниците или акционерите или на нив поврзани лица;
7-а) кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице;
 8) трошоците направени за репрезентација во висина од 90%;
 9) трошоците за донации направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности над 5% од вкупниот приход остварен во годината;
10) трошоците за спонзорства направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности над 3% од вкупниот приход остварен во годината;
10-а) трошоците за донации во спортот согласно со членот 30-а од овој закон;
11) трошоци по основа на камата по кредити кои не се користат за вршење на дејноста на обврзникот, како и износот на каматите по кредити за набавка на патнички автомобили, мебел, теписи, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и украсни предмети;
12) осигурителни премии кои ги плаќа работодавачот во корист на членовите на органите на управување, како и на вработените, доколку истите не се одбиваат од плата, освен личното колективно осигурување на работниците за повреди на работа;
13) даноците по задршка (одбивка) исплатени во име на трети лица кои се на товар на трошоците на даночниот обврзник;
14) паричните и даночните казни, пеналите и казнените камати за ненавремена уплата на јавните давачки и на трошоците за присилна наплата;
15) стипендии, освен стипендиите доделени на начин и под услови утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, кои се оданочуваат според одредбите од точката 10) на овој член во кои не спаѓаат трошоците за обука и специјализација на вработените заради остварувањето на дејноста на даночниот обврзник, под услов истите да продолжат со работа кај истиот работодавач во временски период утврден со договор, кој не е пократок од три години сметано од годината на стекнувањето со соодветните знаења;
16) трошоците на кало, растур, крш и расипување над нормираните износи утврдени за соодветната гранка, под услов истите да не се настанати како резултат на вонреден настан или виша сила;
17) трајниот отпис на ненаплатените побарувања, освен трајниот отпис на ненаплатените побарувања по основа на придонеси од задолжително социјално осигурување;
18) трошоците за нето-износот на примањата по основа на деловна успешност над износот на кој се пресметани придонеси согласно со закон;
19) надоместок за практикантска работа над износите пропишани во согласно со Законот за практиканство;
 20) надоместок за практична обука на ученици и практична настава на студенти во висина над 8.000 денари месечно и
21) платени лабораториски тестови за COVID-19 за вработени лица во износ поголем од 50% од просечната месечна бруто-плата исплатена во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен.
сипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели, ги пропишува министерот за финансии.”.
Одредбата од членот 9 став (1) точка 7-а), а во смисла на точката 1) од членот 9 став (1) од Законот за данокот на добивка, во однос на загубите на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа треба да се толкува така што загубите на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа одобрени од Регулаторната комисија за енергетика во согласно со Законот за енергетика и Правилникот за начин и услови за определување регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на електрична енергија, организирање и управување со пазарот на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија, се сметаат за признаени расходи за целите на данокот на добивка.
                                                      СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
                                                                        МАКЕДОНИЈА
Бр. 08-4618/1                                      Претседател на Собранието
19 септември 2023 година                    на Република Северна
Скопје                                                  Македонија, м-р Talat Xhaferi, с.р